Свет
Маж од Австралија обвинет за убиство на своите три деца во пожар што го подметнал
Маж (28) од Австралија е обвинет дека ги убил трите свои деца и се обидел да го убие остатокот од семејството во пожар во куќа.
Во пожарот загинаа петмесечно девојче, двегодишно момче и шестгодишно момче. Преживеаја три момчиња – на возраст од четири, седум и 11 години – и едно деветгодишно девојче, како и мајката, јавува Би-Би-Си.
Човекот се соочува со три обвиненија за убиство, пет обвиненија за обид за убиство и една точка за уништување имот. Тој е под полициско обезбедување во болницата.
Мајката и преживеаните деца се стабилни
Таткото – за кој полицијата тврди дека го подметнал пожарот, а потоа ги спречил напорите за спасување.
Нападот се случил час по полноќ во неделата. Соседите и првите екипи помогнаа да се спасат четирите преживеани деца и нивната мајка. Двегодишното и шестгодишното момче излегле од куќата во критична состојба, но набрзо починале во болница. Петмесечно девојче е пронајдено мртво.
Мајката и четирите преживеани деца се во стабилна состојба, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за проширување на територијата.
„Израел не сака само да ја обезбеди својата безбедност, туку сака уште територија. Владата на Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација“, изјави Фидан на дипломатски форум во Анталија.
Според него, покрај палестинските територии, Израел се обидува да ја прошири својата доминација и кон делови од Либан и Сирија.
„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, рече Фидан.
Тој додаде дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал во втор план напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Свет
Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец
Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето.
Трамп во текот на вчерашниот ден го прослави повторното отворање со серија објави на социјалните медиуми вчера, тврдејќи, меѓу другото, дека Иран се согласил никогаш повеќе да не го затвора водниот пат.

Свет
Иран отвори шест аеродроми
Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите.
Според информациите, шест аеродроми повторно се ставени во функција, меѓу кои и главниот во Техеран. Отворањето доаѓа во контекст на прекинот на огнот на Блискиот Исток.
Во исто време, податоците покажуваат дека конвој од осум танкери поминал низ Ормуски теснец, по краткото повторно отворање на овој клучен поморски правец.
Иако стотици бродови остануваат заглавени во Персискиот Залив од почетокот на конфликтот, дел од сопствениците се надеваат дека ќе го искористат примирјето за да го напуштат регионот.
