Свет
Маж се разнесе со бомба на игралиште во Белгија

Mаж се разнесе со експлозивна направа на фудбалско игралиште во градот Вервиер, Белгија.
Belgique : Un homme s’est fait exploser sur un terrain de football à Verviers: “Il est décédé” https://t.co/5lRdWQF30c pic.twitter.com/oOQPxvhqVc
— Kheire Meirane Amare (@kmeiraneamare) July 31, 2018
На локацијата има голем број полициски единици и целата област е евакуирана.
Засега не е идентификуван човекот што се разнесе со бомба, но се претпоставува дека станува збор за воен ветеран кој живеел во областа Стембер во Вервиер.
Истрагата е во тек, а локалните власти објавија дека не се сомневаат во тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес го погоди Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди Чиле.
Епицентарот бил во близина на местото Тома, на длабочина од 15 километри.
Засега нема информации за жртви и причинета материјална штета.
Свет
Путин потпиша указ за регрутација на 147.000 Руси од 1 април

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ за пролетен воен рок, според кој 147.000 лица ќе бидат повикани да и’ се приклучат на руската војска од 1 април до 15 јули.
„Од 1 април до 15 јули 2023 година ќе се врши регрутирање на руски државјани на возраст од 18 до 27 години, кои не се во резервен состав и се предмет на воена служба. Тоа се однесува на 147.000 луѓе“, се наведува во указот на рускиот претседател.
Владата, регионалните власти и договорните комисии добија инструкции да обезбедат спроведување на активностите за регрутирање.
Европа
(Видео) Пратеници во Австрија ја напуштија седницата додека се обраќаше Зеленски

Австриските екстремно десничарски пратеници ја напуштија седницата на Долниот дом на парламентот за време на виртуелното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тоа е кршење на статусот на неутралност на Австрија.
Членовите на Партијата на слободата на Австрија (FPO) ги напуштија своите места кога Зеленски го започна своето видео обраќање, оставајќи мали картички на нивните работни маси со логото на партијата и порака „простор за мир“.
Austrian politicians walk out of Zelensky speech pic.twitter.com/EEdclVrg8M
— Clown World ™ 🤡 (@ClownWorld_) March 30, 2023
Партијата предупреди неколку дена претходно дека ќе организира некаква форма на протест против виртуелното обраќање на украинскиот претседател во австрискиот парламент.
„Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата вечна неутралност, а со тоа се залага за мир“, изјави лидерот на ФПО, Херберт Кикл.
Во своето обраќање, Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е чистењето мини, додавајќи дека „важно е да не се биде морално неутрален кон злото“.
Австрија не е дел од НАТО и не испорачува оружје на Украина. Сепак, на Украина и’ обезбеди хуманитарна помош и шлемови и заштитни елеци за цивилна употреба.
Австрискиот канцелар Карл Немер минатата недела на „Твитер“ го нагласи статусот на неутралност на неговата земја, велејќи дека иако неговата земја е воено неутрална, „разбираaт дека мора да помогнат таму каде што се случуваат неправди и воени злосторства“.
ФПО одржуваше блиски врски со Русија во минатото, а во 2016 година партијата потпиша договор за соработка со Единствена Русија, конзервативната партија која има мнозинство во рускиот парламент.
Во 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин беше забележан во Австрија како гостин на свадбата на Карин Кнајсл, членка на ФПО и тогашна австриска министерка за надворешни работи, јавува Си-Ен-Ен.