Контакт

Европа

Маж уапсен поради обид за напад врз финскиот министер за надворешни работи

Објавено пред

Маж беше уапсен во неделата во руралниот дел на Финска кога покажа агресивно и заканувачко однесување кон министерот за надворешни работи на земјата, Тимо Соини, објави полицијата.

Соини присуствуваше на изборен митинг во округот Корсо кога осомничениот, облечен во маица со логото на финската антиимигрантска група „Војници на Один“ (СоО), се упати кон него.

Осомничениот бил спречен да продолжи понатаму, што доведе до физичка пресметка, се вели во соопштението на локалната полиција.

Во неделата вечерта Соини им се заблагодари на полицајците за добро завршената работа.

Инцидентот исто така беше широко осуден од финската политичка заедница, а финскиот премиер Јуха Шипила изјави дека тој претставува напад врз демократијата.

„Нападот врз демократијата е неприфатлив“, рече тој. „Политичкото насилство не смее да се прифаќа. Мораме да работиме заедно за да ја одбраниме нашата демократија“.

Десничарската група „Војници на Один“ ја отфрли поврзаноста со осомничениот.

Европа

Џонсон и Ердоган разговараа за Сирија

Објавено пред

Британскиот премиер Борис Џонсон и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изразија желба да се сретнат со германските и француските лидери за да разговараат за воената операција на Турција во северна Сирија.

Кабинетот на Џонсон соопшти дека британскиот премиер и Ердоган „се согласиле да побараат можност да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел за да разговараат за актуелната состојба, како и за миграцијата и борбата против тероризмот“.

Прекинот на огнот стапи на сила во четвртокот вечер за да можат Курдите да се повлечат од североисточна Сирија и треба да трае до вторник.

Прикажи повеќе...

Европа

Eвакуирани 4.000 луѓе во Италија поради бомба од Втората светска војна

Објавено пред

Италијанските власти евакуираа 4.000 луѓе од центарот на северниот град Болцано поради деактивирање на авионска бомба од Втората светска војна.

Бомбата е деактивирана утрово за време на тричасовна операција, по што повторно е отворен центарот на градот, како и автопатот и железничката линија што ја поврзува Италија со Австрија и Германија.

Во Втората светска војна градот Болцано претрпел 13 бомбардирања, при што загинале 200 луѓе, а 60 отсто од градот бил оштетен.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Протести против брегзит во Лондон

Објавено пред

Десетици илјади противници на излегувањето на Велика Британија од ЕУ демонстрираат денес во Лондон додека парламентот расправа за новиот договор за брегзит.

На една од улиците, група демонстранти со ѕвона врзани за нозете и стапчиња, играле на традиционалниот англиски танц Морис, извикувајќи „Морис, а не Борис“, алудирајќи на премиерот Борис Џонсон.

На други места расположението било помрачно, па така неколку демонстранти биле забележани како плачат. Една жена изјавила дека е многу вознемирена поради можноста да дојде до брегзит.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев по...

Македонија1 час

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Македонија2 часа

Вечерва средба на Заев со коалициските партнери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва по завршувањето на лидерската средба, во 20 часот ќе оствари и средба со лидерите...

Топ3 часа

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Македонија3 часа

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба. Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако...

Топ4 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија7 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија8 часа

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија9 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет10 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет11 час

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет11 час

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија11 час

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет11 час

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет11 час

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет1 ден

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Досие