Вести
Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.
Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.
„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.
Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.
„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.
Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.
Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Меркел: Tенка e границатa помеѓу војната и мирот

Како никој да не разбира колку е тенка границата помеѓу воениот конфликт и мировното решение, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел, во Бундестагот.
Тоа го изјави по повод зголемените тензии во источен Медитеран меѓу Турција и Грција и Турција и Кипар.
Пред денешниот самит на ЕУ со Турција, Меркел се осврна на поплаките за кршење на човековите права во Турција, но не пропушти да ѝ оддаде признае на официјална Анкара за спектакуларните и забележителни заслуги за време на бегалската криза во земјата, која и самата има 4 милиони бегалци, повеќе од сите други земји во светот“, објави грчката агенција АНА.
„Во секоја пригода мора да ги редефинираме нашите односи со Турција и да инсистираме на соработка за сите важни, заеднички проблеми и отворени прашања“, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел.
Вести
Грета Тунберг се врати на протестите по пауза поради коронавирусот

Младата активистка за животна средина Грета Тунберг се врати придружувајќи им се на другите млади демонстранти пред шведскиот парламент за да го одбележат Денот на глобалните протести против климата во социјално дистанцираниот свет.
„Главната надеж, како и секогаш, е да се обидеме да имаме влијание врз нивото на свесност и јавното мислење, така што луѓето ќе станат посвесни“, им рече на новинарите 17-годишната активистка.
Пандемијата на коронавирусот го спречи одржувањето масовни собири во рамките на движењето „Петок за иднината“ што го инспирираше Тунберг и ја намали јавната видливост на движењето во последните месеци.
Тунберг ги започна самостојно протестите пред шведскиот парламент во Стокхолм на 20.8.2018 година. Студентите ширум светот наскоро почнаа да ја следат, организирајќи редовни големи протести, а таа беше поканета да разговара со политичките и деловните лидери на конференциите на ООН и на годишниот Светски економски форум во Давос.
Нејзините пораки без двоумење испратени до претседателите и премиерите, заедно со научни факти за потребата од итно намалување на емисиите на стакленички гасови, ѝ донесоа пофалби и награди, но и повремени критики, па дури и закани по живот.
Таа ги повикува пратениците да останат на историскиот договор за климата во Париз од 2015 година, според кој богатите и сиромашните земји треба да преземат мерки за сузбивање на зголемувањето на глобалните температури поради кои се топат глечерите, се зголемува нивото на морето и се менува начинот на врнежи.
Парискиот договор бара од владите да презентираат национални планови за намалување на емисиите со цел да се ограничи зголемувањето на глобалните температури на под два Целзиусови степени.
Денес протести за климата се планирани и на други места.
Вести
Рекордно топло време во Австралија

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.
Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.
Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.
На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.
Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион5 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?