Контакт

Daily news

Макрон во костум од „скромни“ 450 евра

Објавено пред

Новиот француски претседател Емануел Макрон на инаугурација се обидува да се дистанцира од политичарите кои многу трошат.

Изворот на информацијата за цената на костумот што Макрон го носеше на претседателската инаугурација води до неговиот тим, открива агенцијата „Ројтерс. “Сопругата на Макрон, Бирижит, на свеченоста се појави во комплет со сина боја, креација на Луј Витон, инаку нејзината омилена модна марка.

Модните критичари веќе излегоа со ставот дека бојата на нејзината тоалета е слична на онаа во која се појави Мелани Трамп на претседателската инаугурација на Доналд Трамп пред неколку месеци.

Бившиот противкандидат на Макрон во претседателската трка, конзервативецот Франсоа Фијон, се најде на удар на критиките за време на кампањата бидејќи од еден богат бизнисмен добил два костума на подарок, вредни околу 13.000 евра.
Претходникот на Макрон, социјалистот Франсоа Оланд, се претставуваше како „обичен“ претседател, но некои медиуми наведуваа дека само за фризер трошел по фантастични 10.000 евра месечно.

И бившиот претседател Никола Саркози, кој беше на чело на Франција од 2007 до 2012 година, беше мета на критиките заради луксузот, посебно по бракот со некогашната манекенка Карла Бруни. крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт6 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт7 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт8 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион8 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт8 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет8 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава8 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион9 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...