Свет
Макрон до Москва: Постојат црвени линии

Францускиот претседател, Емануел Макрон, побара од Русија итно да го објасни случајот за наводното труење на критичарот на Кремљ, Алексај Навални.
Тој порача дека Париз нема да дозволи да се поминат црвените линии во поглед на употребата на хемиско оружје.
„Нема да толерираме употреба на хемиско оружје во Европа, Руисја или Сирија. Ова појаснување мора да биде брзо и беспрекорно бидејќи ќе ги примениме нашите црвени линии“, истакна Макрон на Генералното собрание на ОН.
Сепак, не прецизира што точно ќе биде направено доколку Русија не даде задоволително објаснување. Кремљ негира каква било вмешаност во наводното труење на Навални.
Берлин тврди дека резултатите на три лаборатории покажуваат оти е отруен со нервен агенс „новичок“, што Москва го негира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Норвешка вети милијарда долари помош за Украина

Норвешка денеска попладне вети дека на Украина ќе и испрати 1,04 милијарди долари, помош за да ја издржат војната со Русија.
Оваа информација денеска во Киев ја потврди норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере на прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Стоере рече дека се работи за пари за „помош на украискиот народ за потреби, за одбрана и за реконструкција на уништените градови“.
Регион
Пленковиќ најави ваучери за гориво за најзагрозените

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска од Осиек за цената на горивата рече дека во понеделник Владата ќе има седница.
„Ваучери за гориво ќе има за најзагрозената група граѓани. Сето тоа се случува поради руската агресија врз Украина и пореметувањето на пазарот. Се надевам дека ќе донесеме решение за нашите граѓани , но и за малите дистрибутери“, рече Пленковиќ.
Тој потенцираше дека внимателно се подготвува пакетот за повеќе од 120.000 граѓани.
„Немаме никакви недостатоци, има се во хрватските продавници. Со овој проблем се бори целиот свет“ ,додаде хрватскиот премиер.
Регион
Асен Василев го доби мандатот за да формира нова Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за тој да ја формира новата бугарска влада.
Овој пат довербата како нов мандатар ја доби Василев од неговата партија Продолжуваме со промената наспроти неговиот партиски колега Кирил Петков, кој досега ја имаше функцијата премиер на Бугарија.
„Бугарија е во политичка, економска и социјална криза. Бугарите споделуваат легитимна загриженост за растот на цените и неизвесноста околу иднината. Од вчера имаме и надворешнополитичка криза“ – рече Радев при доделувањето на мандатот на Василев.
Следуваше одговор:
„За мене ова е огромна одговорност. Сите сме свесни дека во кризите со кои треба да се соочи Бугарија, исклучително е важно да се има влада. Исто така, важно е тој да работи во интерес на граѓаните, а не во интересот на статус-квото, и таа навистина да ги брани бугарските интереси и независноста на бугарската држава на ист начин како што тоа го правеше првиот кабинет на Продолжуваме со промената“ рече Василев.
Владејачката партија има рок од седум дена да предложи владин состав. Доколку истиот не биде одобрен, мандатот ќе оди кај партијата ГЕРБ на Бојко Борисов.