Контакт

Европа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи го навела да го промени ставот кон Французите.

„На некој начин ситуацијата со ‘жолтите елеци’ беше многу добра за мене… Тие ме потсетија што треба да правам“, изјави Макрон за американскиот весник „Тајм“.

„Веројатно оставив впечаток дека сакам реформи против народот. Понекогаш мојата нетрпеливост се толкува како нетрпеливост кон Французите, што не е така“, рече Макрон во интервјуто.

Францускиот претседател додаде дека е на половина од својот петгодишен мандат и дека се наоѓа во фаза меѓу примена на реформите и појавување на резултати.

„Мојот предизвик е подобро да ги слушам луѓето, отколку што тоа го правев на почетокот на мандатот“, рече Макрон.

Европското издание на американскиот „Тајм“ ја посвети насловната страница на Макрон, што е вторпат од почетокот на неговиот мандат во мај 2017 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

На холандските лични карти ќе нема категорија за пол

Објавено пред

За неколку години на холандските лични карти веќе нема да се наведува полот на граѓаните, а министерката за образование, култура и наука ја оцени ваквата графа како непотребна.

Во писмо до парламентот, во кое увид имала агенцијата АФП, министерката Ингрид ван Енгелшовен, во чиј ресор се и политиките за еманципација, ја искажува нејзината намера на личните карти од 2024/2025 година да се укине полето за полот на граѓаните.

Министерката сака што е можно повеќе да го ограничи, како што вели, непотребното истакнување на полот, кој сепак и натаму ќе стои во пасошите, што е обврска пропишана од Европската унија.

„Холандија нема да биде прва земја што ќе издаде лични карти во кои не се наведува полот на граѓаните. Во германската лична карта нема категорија пол“, напишала министерката.

Ван Енгелшовен проценува дека жителите мора да бидат во можност да го обликуваат сопствениот идентитет и да живеат во слобода и безбедност.

Прикажи повеќе...

Европа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Објавено пред

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња.

Сликите направени за време на злоупотребата биле испраќани преку сервис за размена на пораки, чие име не се споменува од стана на полицијата.

Полицијата денеска соопшти дека е откриена огромна количина порнографски материјал со застрашувачки приказ на сексуално насилство во кој меѓу жртвите се и новороденчиња.

Италијанската полицијата ја спровела акцијата со помош на канадскиот Координативен центар против експлоатација на деца.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата

Објавено пред

Седуммина полицајци се повредени на неофицијален музички настан во Лондон, откако се обиделе да ги растераат учесниците затоа што ваквите собири претставуваат здравствен ризик за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Собраните на настанот во една зграда во западен Лондон, станале агресивини и почнале да фрлаат со разни предмети кон полицијата.

Лондонската полиција денеска соопшти дека кон нејзините припадници биле фрлани и тули.

На крајот, собраните сепак се разотишле, а во врска со настанот нема уапсени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа3 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија5 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион6 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија6 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа7 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт8 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион8 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет10 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет11 час

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет11 час

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет12 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион22 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет23 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет24 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 ден

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 ден

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ1 ден

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Досие