Контакт

Европа

Макрон и Конте се смирија, сепак ќе има средба

Објавено пред

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потврди дека планира да се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој пресврт следува по помирувачкиот телефонски разговор меѓу двајцата политичари.

„Претседателот на Франција нагласи дека не рекол ништо со што би ги навредил Италија и италијанскиот народ“, наведе во соопштение италијанскиот премиер и додаде дека разговарале утрово.

Конте сакаше да го откаже договорениот состанок со Макрон утре (петок) поради дипломатскиот спор настанат кога Макрон ја критикува одлуката на Рим да го затвори италијанското пристаниште за заглавениот брод со мигранти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германија и Франција сакаат заеднички буџет за еврозоната

Објавено пред

Од

Германија и Франција сакаат да се воведе заеднички буџет за Еврозоната поефикасно да се штити од криза, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во Мезеберг кај Берлин, откако со францускиот претседател, Емануел Макрон постигнаа согласност за една од точките на разговор на следниот европски Самит: буџетот на Еврозоната.

Двајцата се согласија да се создаде заеднички буџет за 19-те земји членки на Еврозоната, кој ќе биде „реален буџет“ со годишни приходи и расходи. Париз и Берлин се надеваат тој да биде етаблиран до 2021.

Засега не се знае колкав би бил буџетот, ниту пак како ќе се финансира. Меркел навести дека една опција се редовни трансфери од земјите членки или данок на финансиски трансакции.

„Работиме за да се осигураме дека буџетот на Еврозоната ќе биде искористен за да се зајакнат инвестициите и со цел да се зајакне конвергенцијата внатре во ЕЗ, затоа што знаеме дека економската и монетарната унија можат да останат цело само доколку економските политики конвергираат“, рече таа.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Столтенберг: Никаде во камен не е издлабено дека алијансата ќе напредува

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цени дека не е сигурно оти западниот воен сојуз и трансатлантските односи ќе преживеат.

Столтенберг во текст за британски „Гардијан“ наведува дека политичките темни облаци не смеат да ја ограничуваат и негативно да влијаат врз безбедносната соработка мислејќи притоа на разликите што во изминатиот период се јавуваа меѓу САД и европските земји.

Разликите меѓу САД и другите западни земји во поглед на трговијата, климатските промени и иранскиот нуклеарен договор се реални и нема да исчезнат преку ноќ, смета првиот човек на алијансата.

Меѓутоа, тој наведува дека разликите во мислењата не се ништо ново, потсетувајќи на повеќе спорови во НАТО, од кој последниот се однесуваше на војната во Ирак во 2003 година.

„Никаде во камен не е издлабено дека трансатлантските врски ќе напредуваат, но тоа не значи дека распадот е неизбежен. Можеме да ги задржиме сите заеднички придобивки што ги имаме од нив“, додава Столтенберг.

Според генералниот секретар на НАТО, со создавањето на алијансата пред 70 години луѓето од Европа и Северна Америка уживаат долг и спокоен период на мир и просперитет.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел и Макрон ќе разговараат за иднината на ЕУ

Објавено пред

Од

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се состанат денеска во Берлин во пресрет на самитот на Европската Унија што ќе се одржи следната недела за да ги усогласат ставовите за иднината на ЕУ.

Макрон лани предложи темелни реформи во Европската Унија, на што Меркел одговори дури на почетокот од овој месец.

Таа се согласи со Макрон дека е неопходно да се зајакне еврозоната и да се променат прописите за мигрантите, но засега постојат различни ставови на кој начин би се направило тоа.

Состанокот во Берлин се одржува во момент кога Меркел е соочена со ултимативно барање на нејзините коалициони партнери во владата за промена на мигрантската политика.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија6 часа

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија8 часа

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија10 часа

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија11 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија11 час

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија13 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија1 ден

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија1 ден

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија1 ден

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија1 ден

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија1 ден

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија1 ден

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Досие