Контакт

Европа

Макрон најави формирање воена команда за вселената

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање воена команда за вселената, за време на говорот во пресрет на националниот празник Денот на падот на Бастилја.

„Со цел да се обезбеди развој и зајакнување на нашите вселенски капацитети, во септември ќе биде формирана голема вселенска команда“ во рамките на воздухопловните сили кои „на крај ќе станат воена сила на воздухопловството и вселената“, рече Макрон во говорот во Министерството за одбрана.

Националниот празник ќе биде обележан со воена парада на авенијата на Елисејските полиња во Париз.

Европа

Во центарот на Берлин деактивирана бомба од Втората светска војна

Објавено пред

Пиротехничари во центарот на Берлин успешно деактивираа бомба од Втората светска војна, соопшти германската полиција.

Експлозивната направа била откриена во вторникот од градежни работници на градилиште во близина на Александерплац.

Речиси 1.900 жители од околните згради минале неколку часа во привремени засолништа пред полицијата да им дозволи да се вратат во своите домови.

Од безбедносни причини возовите и трамваите не запирале на блиските станици за време на деактивирањето на бомбата, а патниот сообраќај бил пренасочен.

Прикажи повеќе...

Европа

Салвини може да биде осуден на затворска казна и до 15 години

Објавено пред

Комитетот на италијанскиот Сенат го одобри судското барање да се спроведе истрага против водачот на крајната десна лига, Матео Салвини. Тоа би можело да доведе до судење, а тој е обвинет за нелегално приведување мигранти на брегот на крајбрежната стража минатата година.

Салвини во тоа време беше министер за внатрешни работи и ветуваше дека ќе ја спречи имиграцијата од Африка. Ако биде прогласен за виновен, тој се соочува со затворска казна до 15 години и може да му биде забрането да врши политичка функција.

„Ќе одам на суд со крената глава за италијанскиот народ“, им рече Салвини на своите приврзаници.

„Ако ме уапсат, ќе мора да најдат затвор доволно голем за сите нас“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската војска сакала да фрла бомби над Тирол

Објавено пред

Германската војска сакала да вежба фрлање бомби над австриската провинција Тирол, но австриското Министерство за одбрана го одбило барањето.

Според блогот на Маркус Вилхелм, германскиот Бундесвер ја изнел идејата торнадо-бомбардерите да фрлаат бомби за време на вежба на полигонот за обука „Ватенер ликум“.

Министерството за одбрана соопштило дека барањето на Германија било одбиено.

„Вежбаме со многу европски земји, како и со Бундесверот, со кој ја имаме проширено соработката во многу области“, рекол портпаролот на Министерството, полковник Михаел Бауер, за виенски „Курир“.

Тој потврдил дека пред извесно време Бундесверот дошол на идеја да изведува вежби во Ликум со бомби за вежбање, што Министерството веднаш го одбило.

Австрија е земја посветена на трајна воена неутралност, но е дел од НАТО-програмата „Партнерство за мир“, преку која учествува на вежби со воени партнери.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13 часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи...

Свет20 минути

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион30 минути

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, поради владиното справување со мигрантите кои пристигуваат од...

Свет2 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Регион2 часа

Грција по првпат доби претседателка

Грчкиот парламент ја избра поранешната претседателка на Врховниот суд во Атина, Катерина Сакеларопулу, за прва жена претседател на Грција, јави...

Свет4 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет4 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија4 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура16 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет16 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт17 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет18 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион20 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет22 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија23 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија24 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија1 ден

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија1 ден

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет1 ден

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет1 ден

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Досие