Европа
Макрон: Не може да има руско знаме на Олимписките игри во Париз
Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „на Олимписките игри во Париз не може да има руско знаме“.
„За Русија нема место во време кога врши воени злосторства“, рече претседателот во интервјуто за дневниот весник „Лекип“, објавено во средата вечерта.
Прашан за можното присуство на руски спортисти на индивидуална основа, Макрон одговори: „Би сакал тоа да биде одлука на совеста на олимпискиот свет, не е земјата домаќин што треба да одлучи што треба да направи Меѓународниот олимписки комитет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Нова експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена
Во градот Келн на западот на Германија денеска по втор пат за само неколку дена одекна мала експлозија.
Експлозијата се случила околу 5 часот по локално време на улицата Еренштрасе во центарот на градот, соопшти полицијата. Експлозијата предизвикала пожар, но тој брзо бил изгаснат, соопшти полицијата. Од таму додадоа дека едно лице кое се обидело да го изгасне пламенот избегнало повреда и подоцна било сослушано како сведок, а никој друг не е повреден.
Aktueller #Einsatz
📍Im Bereich #Ehrenstraße gibt es einen #Polizeieinsatz
📍Wir sind mit vielen Einsatzkräften vor Ort und klären die Situation.
📍Wir sperren den Bereich.
❌Bitte meiden Sie großräumig den Bereich. Folgen Sie uns hier und auf Facebook für weitere Informationen pic.twitter.com/lWFeM7GsRf— Polizei NRW K (@polizei_nrw_k) September 18, 2024
Полицијата на социјалната мрежа „Икс“ објави дека е „на местото на настанот со голем контингент полицајци“ и дека „областа се затвора“. Граѓаните беа повикани да ја избегнуваат областа во близина на местото на експлозијата.
Европа
По разорниот циклон, кој ја поплави централна Европа, сега се закануваат лавини
Силниот циклон донесе катастрофални поплави во централна Европа, а беа погодени Австрија, Полска, Чешка, Словачка и делови од Унгарија. На некои локации наврнале над 400 литри дожд на квадратен метар.
Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините завеја снег.
Снежната линија се спушти на 1.000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, при што снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч.
❄️ Il neige encore dans les Alpes autrichiennes ce lundi avec des congères dépassant les 2 mètres dans les stations, comme ici à Obertauern. Un épisode historique en septembre ! (© Hotel Alpenland) pic.twitter.com/A7j6drm74U
— Météo Express (@MeteoExpress) September 16, 2024
Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде што локално на повисоките места наврнаа и до 2 метра снег.
Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по летото, кое никогаш не било потопло.
Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и во лето, но ова лето на австриските Алпи над 3.000 метри е забележана низа од повеќе од 65 дена без снег, со температури во плус.
Силниот и обилен снег и снежната бура блокираа многу планински предели.
На Алпите сè уште паѓа снег, а бидејќи е многу влажен, лавините се закануваат во многу области.
Impressive snowline in the Austrian alps today as the weekend deluge (and huge snow dump) develops. pic.twitter.com/TB5Smize9F
— Dave Throup (@DaveThroup) September 13, 2024
Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и фотографијата споделена на социјалните мрежи.
Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот вееше на над 1.000 метри.
Европа
Борис го напушти регионот над Унгарија и се упати кон југозапад
„Хунгаромет“ на својата фејсбук-страница напиша дека циклонот Борис, кој со денови беше над Унгарија, го напуштил регионот и се упатил кон југозапад.
Одтаму додаваат дека веќе не се очекуваат значителни врнежи.
Како што се наведува, најмногу врнежи имало во Австрија и Чешка, каде што количината дожд надминала 200 милиметри, но многу дожд наврнал и во Словачка и Хрватска.
Во Унгарија најмногу дожд наврна во околината на Сопрон и Мосонмаѓаровар, каде што количината врнежи надмина 100-150 милиметри.
Најмалку 17 лица загинаа во поплавите од Романија до Полска во последните неколку дена.