Контакт

Европа

Макрон од Брисел: Доаѓам со порака за доверба и итност

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва изјави дека на разговорите за брегзит доаѓа со две пораки: порака за доверба и итност.

„Довербата е тука бидејќи постигнавме напредок во преговорите, сè уште не сме стигнале до крајот и сега е момент кога треба да се донесе одлука. Што се однесува на итноста, мислам дека е важно да се најде договор за повлекување за да можеме да размислиме за иднината на односите“, порача Макрон по доаѓањето на самитот на ЕУ во Брисел.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самитот во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод бидејќи досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценарио во кое ќе нема договор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Идентификувани нарачателите на убиството на новинарката на Малта

Објавено пред

Нарачателите на убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција на Малта се идентификувани, рекле извори од полицијата за весникот „Д сандеј тајмс оф Малта“.

Според истите извори, повеќе од двајца Малтежани го наредиле убиството што се случи во 2017 година.

За убиството се уапсени тројца осомничени, но не е познат идентитетот на вистинските нарачатели.

Дафне Каруана Галиција (53) беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Таа истражувала афери со перење пари и криумчарење нафта во која биле вклучени владини членови.

Семејството на новинaрката соопшти дека полицијата сè уште официјално не ги известила дека се идентификувани нарачателите.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ја губи популарноста

Објавено пред

Рејтингот на францускиот претседател, Емануел Макрон, во последните неколку недели е во постојан пад, покажа најновото истражување на јавното мислење чии резултати беа објавени денеска, во момент додека во земјата се одржуваат протести поради зголемување на данокот за гориво.

Само 25 отсто од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на Макрон, во споредба со 29 отсто во октомври, покажа испитувањето на Ифоп спроведено од 9 до 17 ноември на 2 000 луѓе.

Макрон, кој дојде на власт пред 18 месеци, ветувајќи дека ќе ја трансформира економијата и ќе ги реформира институциите го занемарува падот на неговиот рејтинг и инсистира на спроведувањето на низа реформи од кои граѓаните не се задоволни.

Прикажи повеќе...

Европа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Објавено пред

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година, соопшти Светската здравствена организација по повод Светскиот ден на жртвите на сообраќајни несреќи кој се одбележува секоја трета недела во ноември.

Сообраќајните несреќи се водечка причина за смртност кај децата и младите на возраст од 5 до 14 години и втора причина за смртност кај младите на возраст од 15 до 29 години.

СЗО наведува дека сообраќајните несреќи не се несреќи кои се дефинираат како неочекуван и непредвидлив настан кој не може да се спречи, туку како настан кој има свои фактори на ризик и со самото тоа може да се превенираат.

Главни фактори за ризик се брзото возење, алкохолот, некористењето на кацига, појас и детски седишта и се поврзани со половина од смртните случаи во сообраќајките во Европа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт10 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа13 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести14 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија14 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет16 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија17 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски19 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет19 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион20 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет21 час

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие