Контакт

Европа

Макрон повика на одбрана на демократијата во ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да се спротивстават на растечкиот авторитаризам и да ја обноват својата посветеност кон демократијата.

„Не сакам да припаѓам на една генерација месечари што го заборавиле сопственото минато. Сакам да припаѓам на една генерација што избра да ја брани својата демократија“, порача Макрон во својот страстен говор во Европскиот парламент.

Тој предупреди дека постои европска граѓанска војна, каде што национализмот и егитизмот имаат предност над она што ги води Европејците заедно. Минатата година Макрон со неговата либерална партија триумфираа на изборите во Франција со неговата цврста проевропска платформа.

Европа

Посетители на нелегална забава во Лондон со тули ја нападнале полицијата

Објавено пред

Седуммина полицајци се повредени на неофицијален музички настан во Лондон, откако се обиделе да ги растераат учесниците затоа што ваквите собири претставуваат здравствен ризик за време на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Собраните на настанот во една зграда во западен Лондон, станале агресивини и почнале да фрлаат со разни предмети кон полицијата.

Лондонската полиција денеска соопшти дека кон нејзините припадници биле фрлани и тули.

На крајот, собраните сепак се разотишле, а во врска со настанот нема уапсени.

Прикажи повеќе...

Европа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Објавено пред

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со нивното управување со пандемијата. Пациенти заразени со коронавирус, лекари, затворски персонал, полиција и други француски државјани поднеле 90 тужби во последните месеци, главно поради недостиг на маски и друга опрема за време на пандемијата на Ковид-19.

Судот надлежен за процесите против високи државни службеници соопшти дека отфрлил 44 од 90 тужби и дека 37 се уште се разгледуваат.

Девет судски спорови, кои, според Судот, заслужуваат истрага, биле поднесени против Филип, поранешниот министер за здравство Оливие Веран и поранешниот министер за здравство Ањес Бужин, кој беше на чело на одделот до 16 февруари. Тие се обвинети за „неуспех во борбата против катастрофата“, и се соочуваат со до две години затвор ако бидат осудени.

Неколку часа пред Судот да го објави започнувањето на истрагата, Владата предводена од Филип поднесе оставка. Францускиот претседател Емануел Макрон се определи за промени во владата по лошиот резултат на неговата центристичка партија на последните локални избори.

Владата на Макрон и Филип призна дека има недостаток на маски во земјата и дека имало други лоши потези за време на здравствената криза. Властите исто така беа критикувани за ненавремено спроведување на рестриктивни мерки.

Коронавирусната инфекција е потврдена во Франција кај повеќе од 166.000 луѓе, од кои скоро 30.000 починале.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел по критиките почна да носи маска

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, почна да носи заштитна маска во јавноста, откако беше цел на критики поради тоа што не ја носеше, и покрај препораките на владата за сузбивање на коронавирусот.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската Унија.

Ја симна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион3 часа

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија3 часа

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа3 часа

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт4 часа

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион5 часа

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет7 часа

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет8 часа

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет8 часа

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет8 часа

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион19 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет20 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет20 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ1 ден

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија1 ден

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа1 ден

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија1 ден

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ1 ден

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија1 ден

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Досие