Свет
Макрон по убиството на полицајците: Тие се наши херои

Францускиот претседател, Емануел Макрон, убиените полицајци, кои денеска беа нападнати во централна Франција, ги нарече херои.
Тие биле нападнати кога интервенирале за да спасат жртва на семејно насилство.
Ils intervenaient pour secourir une femme victime de violences conjugales dans le Puy-de-Dôme, trois gendarmes ont été tués, un quatrième blessé. La Nation s’associe à la douleur des familles. Pour nous protéger, nos forces agissent au péril de leur vie. Ce sont nos héros.
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 23, 2020
„ Тие се нашите херои“, изјави Макрон на „Твитер“ и изрази солидарност со француската полиција.
Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет во пукање до кое дошло кога стигнале во една куќа во оддалечено село реагирајќи на повик поради семејно насилство врз жена.
Мажот, кој се сомничи за нивното убиство, е пронајден мртов, соопшти министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Расте бројот на загинати во земјотресот во Индонезија

Од час во час се менува бројот на загинати во земјотресот во Индонезија. Досега се потврдени 67 смртни случаи, а се очекува бројот да се зголемува како што ќе пристигнуваат од терен извештаите на спасувачките тимови. Како што се наведува, има и над сто повредени.
Повеќе од 600 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, што го погоди островот Сулавеси. Околу 15.000 луѓе се евакуирани во привремени засолништа.
Спасувачите се на терен и трагаат по преживеани под урнатините. Разурнати се голем број згради, меѓу кои и болници, а многу делови се без струја.
Властите соопштија дека најпогоден град е Мамуџу. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од тој град, на длабочина од околу 18 километри, покажуваат податоците на американскиот инситут за геофизика.
Свет
Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на 20 јануари, пренесе „Ројтерс“.
Трамп, кој веќе соопшти дека нема да присуствува на инаугурацијата, планира да одржи проштален настан во базата Ендрјуз во близина на Вашингтон, во која е стациониран претседателскиот авион „ер форс уан“.
Според извори на „Ројтерс“, тој потоа ќе отпатува во Палм Бич на Флорида, во својот клуб Мар-а-Лаго.
Свет
Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за здравство предупреди дека епидемиолошката состојба се влошува.
Новата наредба го продолжува полицискиот час од 22 до 5 часот наутро до 5 март, а системот на зони останува во сила, со што се делат 20 италијански региони на разни нивоа на инфекција.
Спортските сали и базените ќе останат затворени во цела Италија, а продажбата на храна нема да биде дозволена по 18 часот, пренесува „Гардијан“.
Со указот се продолжува забраната за движење меѓу регионите до 15 февруари, а граѓаните ќе може да патуваат само поради работа, здравје или други итни случаи.
Скијачките центри остануваат затворени до 15 февруари.
Владата најави дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде што стапките на инфекции се доволно ниски.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира