Свет
Макрон по ужасот во Франција: Кукавички напад, нацијата е во шок
Мигрант од Сирија утринава околу 9.45 избол најмалку осум деца и нивните родители во францускиот град Анеси.
Нападот се случил на игралиште покрај езеро, каде што, според француските медиуми, тогаш имало група деца на возраст од три до пет години.
Се огласи францускиот претседател Емануел Макрон.
„Напад на кукавички начин утрово во парк во Анеси. Децата и возрасните се меѓу животот и смртта. Нацијата е во шок. Нашите мисли се со нив, како и со нивните семејства и со мобилизираните спасувачки служби“, напиша Макрон на „Твитер“.
Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се во критична состојба.
Осомничениот маж (31) бил уапсен веднаш по нападот. „Фигаро“ објави дека тој поднел барање за азил на 28 ноември 2022 година според нормалната процедура. Во меѓувреме, тој доби статус на бегалец во Шведска со одлука од 26 април 2023 година.
Сведоците претходно изјавија за „Ле Дофин“ дека маж со турбан почнал да напаѓа деца на мало игралиште.
Француската премиерка Елизабет Борн и министерот за полиција, Жералд Дарманин, излегоа на местото на нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

