Свет
Макрон: Путин ме увери во неговата подготвеност да ја одржи стабилноста на Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера во Москва се сретна со рускиот лидер Владимир Путин, по што се упати во Киев.
Макрон разговараше со Путин и се обиде да ја одврати Москва од инвазијата на Украина, додека Путин посочи дека ќе бара компромис како договор, пренесува „Ројтерс“.
Путин му рекол на Макрон дека Русија ќе направи сè што е во нејзина моќ за да постигне компромис кој одговара на сите. Исто така, по разговорот, кој траеше повеќе од пет часа, Путин истакна дека Макрон изнел неколку предлози, кои се можни како основа за понатамошни чекори.
„Претседателот Путин ме увери во неговата подготвеност да се вклучи во таа смисла и во неговата желба да ги задржи стабилноста и територијалниот интегритет на Украина“ – рече Макрон.
„Следните денови ќе бидат одлучувачки и ќе бараат интензивни разговори што ќе ги имаме заедно“, додаде Макрон.
Француското претседателство рече дека предлозите вклучуваат обврска од двете страни да не преземаат нови воени дејствија.
Инаку, Макрон беше првиот врвен западен лидер што се сретна со Путин од почетокот на кризата во декември.
„Доколку Украина влезе во НАТО и се обиде да го врати Крим со воени средства, европските земји автоматски ќе бидат вовлечени во воен конфликт со Русија“ – рече Путин, нагласувајќи дека нема да има победник, пишува „Ројтерс“.
Russian President Vladimir Putin described talks held with French President Emmanuel Macron as useful, substantive and business-like and said some of Macron's ideas could form a basis for further joint steps https://t.co/KG0Vbcp4xl pic.twitter.com/tp9NYErPuq
— Reuters (@Reuters) February 8, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Автобус излетал од патот кај Мачу Пикчу, повредени се повеќе од 30 туристи
Повеќе од 30 туристи се повредени кога автобус излетал од патот во Перу, во близина на древниот град на Инките Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.
„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во (градот) Куско“, изјави претставник на перуанската полиција.
Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла.
Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез.
Полицијата отвори истрага за несреќата.
Свет
Бербок: Германија ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина оваа зима
Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека оваа земја, зимава ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина.
„Јасно е дека доаѓа есента, зимата е веднаш зад аголот. Русија планира уште една зимска војна со цел да ги направи животите на луѓето во Украина што е можно пострашни“, рече Бербок за време на нејзината посета на Молдавија, пренесува Танјуг.
Русија врши напади врз украинската енергетска инфраструктура како што се електрани, што доведува до прекини на електричната енергија во некои делови од земјата, наведува Ројтерс.
Свет
Стотици загинати во Мјанмар по тајфунот Јаги: „Најлошите поплави во историјата на земјата“
Бројот на загинати во Мјанмар по тајфунот Јаги се искачи на повеќе од 220, а речиси 80 други се уште се водат како исчезнати, соопшти воената влада.
Тајфунот го погоди северниот дел на Виетнам, Лаос, Тајланд и Мјанмар на почетокот на септември и досега, според официјалните податоци, уби повеќе од 500 луѓе ширум регионот.
Јаги предизвика големи поплави и лизгање на кал во Мјанмар, при што загинаа најмалку 226 лица, додека цели села беа уништени. Со уништени стотици илјади хектари земјоделски култури, ОН, исто така, предупреди дека на повеќе од половина милион луѓе во земјата разурната од војна итно им е потребна храна и вода за пиење, засолниште и облека.
Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (UNOCHA) соопшти дека околу 631.000 луѓе биле погодени од поплавите во Мјанмар.
Агенцијата додава дека комуникациските линии се прекинати, патиштата се блокирани и мостовите се оштетени, што сериозно ги отежнува напорите за доставување помош.
Лошата комуникација, особено со оддалечените области, исто така го отежнува собирањето податоци за жртвите.
Според Светската програма за храна (WFP), овие поплави се најлошите во поновата историја на Мјанмар.