Свет
Малезија најави детален извештај за летот на патничкиот авион чие исчезнување остана мистерија

Малезија на 30 месецов ќе го објави долгоочекуваниот извештај за исчезнатиот патнички авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370, објави денеска министерот за транспорт.
Во мај годинава Малезија ја откажа потрагата по исчезнатиот авион и оваа катастрофа стана една од најголемите мистерии во историјата на воздухопловството.
Авионот со 239 патници и членови на екипажот исчезна на пат од Пекинг до Куала Лумпур на 8 март 2014 година.
Истражниот тим првпат ќе го претстави извештајот пред семејствата на исчезнатите лица во Министерството за транспорт на 30 јули, рече министерот Ентони Локе.
„Секој збор регистриран од истражниот тим ќе биде соопштен во тој извештај“, изјави министерот за новинарите, додавајќи дека по тоа ќе следи конференција за печат.
„Ние сме посветени да го направиме извештајот целосно транспарентен“, посочи Локе.
Извештајот ќе биде објавен на интернет, а ќе биде поделен и на семејствата на исчезнатите и на акредитирани новинари. „Целата меѓународна заедница ќе има пристап до извештајот“, заклучи малезискиот министер за транспорт.
Единствените потврдени траги од исчезнатиот „боинг 777“ се три фрагменти од крилата кои на брегот ги исфрли Индискиот Океан.
Малезискиот премиер Махатир Мохамад изјави дека Малезија ќе размисли за обновувањето на потрагата доколку во меѓувреме се појават нови индиции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
29 лица се затруја со храна во ресторан со мишелин ѕвезда

Ресторанот со мишелин ѕвезда во шпанскиот град Валенсија се во центарот на вниманието откако 29 лица добија труење со храна и една жена почина од истото.
46-годишната жена умрела по јадење оброк во ресторанот „Риф“ во медитеранскиот крајбрежен град, а здравствени власти во градот, исто така, идентификуваа уште 28 лица кои добиле труење со храна откако го посетиле ресторанот, се вели во едно соопштение.
Жената, која не е идентификувана, почина во нејзиниот дом рано наутро. Нејзиниот сопруг и 12-годишниот син, исто така, претрпеле труење со храна, велат властите.
Сите 29 жртви јаделе во „Риф“ меѓу 13 и 16 февруари. Инспекторите за храна го посетија ресторанот на 18 февруари, но не најдоа никакво објаснување за тоа што би можело да придонесе за појава на епидемијата, се вели во соопштението од одделот за јавно здравје.
Инспекторите зедоа примероци од храна користени во менито за дегустација, кои беа испратени до шпанскиот национален токсиколошки институт за анализа.
Сопственикот на ресторанот јавно се извини за инцидентот и рече дека соработува со властите кон утврдување на она што се случило. Тој додаде дека ресторанот ќе остане затворен додека да се утврди што точно го предизвикало труењето.
Ресторанот „Риф“ има една мишелин ѕвезда, престижно достигнување во кулинарскиот свет.
Европа
Босанец протеран од Австрија откако 45 пати возел без возачка дозвола

Млад човек е протеран од Австрија бидејќи 45 пати управувал автомобил без возачка дозвола, а за овие прекршоци му се изречени казни во висина од 135.000 евра.
Станува збор за 23-годишник роден во БиХ, кој целиот свој живот го минал во Австрија.
Поради извршените прекршоци, му се заканува затворска казна од три години, пренесуваат порталите од БиХ.
Властите одлучиле човекот да биде протеран од Австрија бидејќи е осомничен за уште неколку прекршоци, меѓу другото и за комерцијална измама.
Европа
ЕУ бара 3,8 милиони нови работници, само во Германија повеќе од милион

Европската Унија бара три милиони и 800 илјади работници, најмногу медицински лица, експерти и квалификувани работници од металната индустрија, како и лица на сферата на информативната технологија, покажаа податоците на статистичката служба „Еуростат“.
Недостигот од експерти и работници во ЕУ бележи пораст и тоа 27 отсто само во споредба со 2016 година, кога во 28 земји членки на Унијата имало непополнети три милиони работни места.
Најмногу, над еден милион и 200 илјади, средно и висококвалификувани работници се бараат во Германија, во која од јануари 2020 година ќе стапи на сила одобрување на шестмесечни визи за оние кои сакаат работа, а најголема потреба имаат германските претпријатија.
Мерките се однесуваат на безмалку сите земји надвор од ЕУ, вклучувајќи го Западен Балкан.
Покрај Германија, најголем број работници бараат Велика Британија, Чешка, Холандија, Полска и Белгија.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа