Контакт

Европа

Марин Ле Пен мора да врати 300.000 евра во Европскиот парламент

Објавено пред

 

Европскиот суд ја отфрли жалбата на француската десничарска лидерка Марин Ле Пен, која повторно го оспорува враќањето на 300.000 евра во Европскиот парламент за спорното вработување на својата соработничка додека беше европратеник.

Во пресудата од вторникот Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Ле Пен на одлуката во јуни 2018 година, последната фаза на таа постапка на европско ниво. „Димна бомба, никој не е измамен“, одговори Марин Ле Пен со СМС.

Претседателката на Националното собрание (РН) ја објави жалбата по одлуката на Европскиот суд од 19 јуни 2018 година, со која се потврдува дека Ле Пен мора да врати 300.000 евра за аферата што била предмет на правен спор во Франција. Ле Пен побара поништување на процесот.

Судот исто така оцени дека Ле Пен не можела да докаже дека нејзината соработничка ги извршувала задачите за неа една и пол година по одлуката на Европскиот парламент за тоа враќање.

Надоместокот се однесува на вработувањето на Кетрин Грисет како парламентарна соработничка на крајот од 2010 година до почетокот на 2016 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Доналд Туск сослушан поради затајување данок

Објавено пред

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, одговара пред полската комисија која ги истражува големите случаи на затајување данок во времето кога тој беше премиер на земјата.
Сослушувањето на Туск се смета како обид на владејачката Партија на право и правда, неговиот најголем ривал да го дискредитира пред есенските избори.

Членовите на комисијата го запрашаа Туск зошто неговата влада не ги запрела нелегалните дела на приватните претприемачи од 2007 до 2014 година, предизвикувајќи големи загуби во државниот буџет.Претходно, друга комисија го испитуваше Туск за авионската несреќа во 2010 година во која беше убиен тогашниот претседател Лех Качински, братот близнак на лидерот на Партијата на право и правда, Јарослав Качински.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија му оддаде почит на поранешниот премиер

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со својата сопруга положи бели ружи на гробот на починатиот поранешен премиер Имре Наѓ во знак на сеќавање.

Наѓ беше комунистички реформатор, кој се бореше за поблага верзија на комунизмот, но тенковите на Москва ја задушија револуцијата од 1956 година и тој беше уапсен и обесен на 16 јуни 1958 година за вмешаност во неа.

Наѓ беше повторно погребан во 1989 година, на истиот ден од неговото погубување. Стотици илјади луѓе излегоа за да го следат повторното погребување на Плоштадот на хероите, што се сметаше за крај на комунизмот во Унгарија.

Пред триесет години Виктор Орбан, кој во тоа време беше млад либерален политичар, одржа говор на погребот со кој ја почна својата политичка кариера.

Но, само неколку стотини луѓе беа на 30-годишнината од погребот на Наѓ, која се одржа за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската полиција уапси едно лице за убиство на германски политичар

Објавено пред

Германската полиција соопшти дека уапсила еден човек во врска со пукањето на политичарот Волтер Либке на почетокот на месецот.

Либке беше член на владејачката партија ЦДУ на Ангела Меркел и претседател на округот Касел, 100-ина километри североисточно од Франкфурт. На 2 јуни тој беше застрелан во главата од непосредна близина.

Либке претходно добил смртни закани од екстремните десничари кога ја поддржа одлуката на канцеларката Меркел од 2015 година да ги отвори границите на Германија за бегалците.

Властите рекоа дека 45-годишен маж бил уапсен овој викенд врз основа на ДНК-докази и воедно бил притворен. Според два германски весника, осомничениот бил поврзан со десничарски екстремисти.

Шест дена по убиството на Либке, еден човек бил уапсен, но подоцна ослободен без обвинение.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток2 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија3 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија7 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија9 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија9 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија10 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски10 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион12 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ1 ден

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие