Свет
Марија Захарова: Западот гледа дамка во туѓото око, а не гледа трупец во своето

Западните земји се обидуваат да ја критикуваат Русија во ситуацијата со Украина, но не сакаат да се сеќаваат на злосторствата што ги направиле, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, наведувајќи ги како пример нападите врз Југославија, Либија и Ирак.
„Сите критики на Париз и другите западни претставници на Запад против Русија, по правило, јасно се вклопуваат во основата на вистината: ‘Гледаме дамка во туѓото око, а не гледаме трупец во нашето’. ‘Пред да почнат да разговараат на тема воени злосторства, треба да се сетат на сопствената историја на воздушни напади врз Југославија, Либија, Ирак’“, истакна Захарова, пренесува „Спутник“.
Невозможен гнев се појави во Америка поради неуспешните планови во Украина да се направи упориште за напади врз Русија, истакна таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
САД воведоа нови санкции за руските банки поради поддршката на Северна Кореја

Соединетите Држави денеска воведоа санкции за две руски банки, Далечниот Исток и Спутник банка, севернокорејската компанија Ер Корио трејдинг и Јонг Јонг Нам, претставник на организацијата со седиште во Белорусија, поврзана со Втората севернокорејска академија на науките.
„САД ќе продолжат да ги спроведуваат постојните и да воведуваат нови санкции, барајќи од Северна Кореја да се врати на дипломатијата и да се откаже од својата програма за развој на оружје за масовно уништување и балистички ракети“, изјави потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање и Брајан Нелсон, пренесува „Ројтерс“.
Санкциите се воведени поради „поддршка на севернокорејската програма за развој на оружје за масовно уништување“, соопшти американското Министерство за финансии, пренесе „Ројтерс“.
Европа
Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.
По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.
Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.
Европа
Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.
– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.
Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.
– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.