Контакт

Свет

Мас: Да се спречи избувнување војна во Заливот

Објавено пред

Грабнувањето на трговските бродови на други земји придонесува кон спирала на ескалација, која може да доведе до војна, изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, предупредувајќи го Иран.

Според Мас, одземањето на британскиот танкер и привременото одземање на уште еден брод ја направи посеризна и поопасна ситуацијата во Заливот отколку што реално е.

Според него, напорите на Европа се фокусирани на тоа каналите за комуникација да останат отворени за „гласот на разумот“.

Тоа е само заради спречување на војната, рече Мас.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Автор на книга за криминал обвинет за перење пари

Објавено пред

Професор по меѓународни односи од Флорида и коавтор на книга за организиран криминал е уапсен под федерално обвинение дека перел пари од корупција во Венецуела.

Брус Бегли (73) е обвинет за измама за перење пари кои произлегуваат од криминални активности и се соочува со казна затвор до 20 години.

Неговиот адвокат изјави дека е убеден оти Бегли ќе биде ослободен.

Бегли е ко-автор на книгата „Трговија со дрога, организиран криминал и денешното насилство во Америка“, објавена во 2015 година, а има сведочено и пред американскиот Конгрес, а како судски експерт давал изјави и за многу медиуми.

Шефот на канцеларијата на ФБИ во Њујорк, Вилијам Свини, изјави дека Бегли заработувал помагајќи им на други да перат нелегални пари.

„Единствената лекција што може да се научи од професорот Бегли денес е дека вмешаноста во корупција, мито и проневера води до обвинение“, додаде Свини.

Обвинителот Џефри Берман рече дека Бегли отворил банкарски сметки со единствена цел да пере пари на корумпирани странци.

„Парите што Бегли наводно ги процесирал, биле заработени преку мито и корупција, украдени од венецуелските граѓани“, вели Берман.

Во обвинението се тврди дека Бегли од ноември 2017 до април годинава се согласил да прими околу 14 исплати од сметки во Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати, во вкупна вредност од околу 3 милиони долари.

Како што е наведено, професорот префрлил голем дел од парите на сметки на други заговорници за да ја прикрие природата и изворот на парите. За себе си зел провизија од 10 отсто.

Прикажи повеќе...

Свет

Демонстрантите во Либан ги спречуваа пратениците да влезат во парламент

Објавено пред

Мали судири избија во центарот на Бејрут, додека стотици демонстранти се обидоа да ги спречат пратениците да стигнат до зградата на парламентот.

АП пренесува дека денеска треба да се одржи парламентарна седница и покрај тоа што демонстрантите се лути поради доцнењето со формирањето на влада.

Демонстрантите ја доведуваат во прашање уставноста на одржување седница во отсуство на влада.

Стотици млади луѓе ги блокираа сите влезови во зградата на парламентот, а кога беа соочени со полицијата за брзи интервенции, жените направија бариера меѓу двете страни за да спречат судири.

Либан е во сериозна политичка и економска криза, еден месец откако започнаа протестите, потсетува „Ројтерс“, истакнувајќи дека засега нама показатели дека лидерите постигнале договор за нова влада што треба да го наследи кабинетот на Саад Харири, кој си даде оставка на 29 октомври.

Харири поднесе оставка пред бранот протести против владејачките политичари кои јавноста ги обвинува за голема корупција и туркање на Либан кон најтешката економска криза од граѓанската војна (1975-90).

Прикажи повеќе...

Свет

Издаден налог за апсење на 133 воени офицери во Турција

Објавено пред

Турското обвинителство издаде налог за апсење на 133 воени офицери осомничени за врска со мрежата на имамот Фејтула Ѓулен, кого Анкара го обвини за обид за пуч во 2016 година, јави „Анадолија“.

Турската агенција соопшти дека 101 осомничен се приведени во истовремени рации во 45 провинции, а полицијата трага по уште 32 осомничени.

Меѓу осомничените, 82 се офицери кои моментно служат во војската. АП додава дека меѓу нив се тројца полковници, пет мајори и пет поручници.

Околу 77.000 луѓе се уапсени, а 130.000, меѓу кои и припадници на воен персонал, беа отпуштени во последните три години од неуспешниот пуч.

Ѓулен, кој живее во егзил од Пенсилванија од 1999 година, негира дека има врска со неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ25 минути

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата2 часа

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија2 часа

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа3 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет17 часа

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија18 часа

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија20 часа

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија23 часа

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија23 часа

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија24 часа

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет1 ден

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија1 ден

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија1 ден

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија2 дена

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет2 дена

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа2 дена

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет2 дена

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Досие