Контакт

Европа

Матарела бара гаранции дека сите патишта во земјата се безбедни

Објавено пред

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела побарал гаранции од надлежните дека сите национални патишта се безбедни. Ваквото барање на Матарела следува по катастрофалната несреќа во близина на Џенова каде се сруши надвозник на автопатот „А10“.

Италија, Џенова

При падот на мостот на автопатот во Џенова животот го загубија најмалку 43 лица.

Претседателот Матарела вчера заедно со премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри присуствуваа на погработ на жртвите од несреќата.

Присутните на комеморацијата ги поздравија тимовите и пожарникарите кои учествуваа во спасувањето. Семејствата, пак, на дел од жртвите решија да не учествуваат на погребната церемонија која се одржа во Џенова. Дел од родителите на жртвите сметаат дека станува збор за убиство, а како одговорна ја посочуваат државата.

Вчера италијанскиот оператор кој беше надлежен за безбедноста на автопатот „А10“, вклучувајќи го и надвозникот кој во втрникот се сруши во близина на италијанскиот град Џенова, соопшти дека обезбедил 500 милиони евра помош за Џенова да закрепне од катастрофата.

 

Европа

Почина најстарата Европejка на возраст од 116 години

Објавено пред

Италијанката Џузепина Робуки, која, според наводите на властите, беше најстарата личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116-годишна возраст.

Робуки живееше во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде што и беше родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција АНСА.

Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, рече дека Робуки е последната личност родена во Европа во 1903 година, објави АП.

Таа беше само два месеца помлада од најстарата личност во светот, Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.

Робуки има пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата со луѓе што живееле најдолго Робуки беше на 17. место.

Прикажи повеќе...

Европа

Нема да се воведуваат патарини во Германија

Објавено пред

Европскиот суд на правдата пресуди против воведувањето патарини на германските автопати бидејќи товарот би паднал исклучиво на странците.

Како што е објаснето, тоа не е во согласност со антидискриминациските закони на ЕУ. На тој начин судот во Луксембурт застана на страната на Австрија, која со поддршка на Холандија побара да се преиспита дали евентуалната одлука на Германија за воведување патарини би била во согласност со европските договори.

До ваквата одлука на судот дојде иако на почетокот на февруари државниот правобранител на судот на ЕУ во својата експертиза навел дека не се сомнева во исправноста на одлуката за воведување патарини.

Прикажи повеќе...

Европа

Европскиот суд пресуди дека знакот на „Адидас“ не е карактеристичен

Објавено пред

Општиот суд на ЕУ во Луксембург пресуди против германската компанија за производство на спортска опрема „Адидас“ во спорот со Канцеларијата на ЕУ за заштита на интелектуалната сопственост, која одби да го регистрира логото на компанијата.

Судот пресуди дека „Адидас“ не може да докаже дека нивните три познати линии заслужуваат да бидат заштитен знак во ЕУ, објави АП.

Од „Адидас“ рекоа дека се разочарани од одлуката и ќе размислат кој ќе биде нивниот следен чекор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ16 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ16 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет17 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет18 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија19 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија19 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ19 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет19 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет22 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет23 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија1 ден

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет1 ден

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 дена

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија2 дена

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа2 дена

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија2 дена

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија2 дена

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет2 дена

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион2 дена

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Досие