Контакт

Свет

Матео Салвини: „Брисел го разбира само јазикот на парите, не на вредностите”

Објавено пред

Бирократите на ЕУ не се заинтересирани за вредности и за принципи, изјави за „Раша тудеј“ вицепремиерот на Италија, Матео Салвини. Тој исто така рече дека нациите како Франција имаат хипокритички став кога ја критикуваат миграциската политика на Италија. Италија нема да гласа за следниот седумгодишен буџет на ЕУ ако нема договор за другите клучни прашања, како што е миграцијата.

„За жал, во Брисел и во Европа го разбираат само јазикот на парите. Затоа, не зборуваат за принципи, вредности, солидарност – туку за економски прашања“.

Италијанската влада добила остри критики поради залагањето за посилна контрола на границата и за спречувањето мигрантските бродови да влезат во нејзините пристаништа. Минатиот месец Италија го одби хуманитарниот брод „Аквариус“ со повеќе од 600 мигранти од Африка, кој потоа мораше да се закотви во Шпанија. Одлуката на Италија беше жестоко осудена од францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека Италија не е под ист миграциски притисок како минатата година. Салвини ги отфрли критиките обвинувајќи го за хипокризија.

„Другите европски земји – како Франција – ги затвораат границите и враќат 50.000 луѓе, а потоа се обидуваат да ни држат предавања“, рече Салвини додавајќи дека спасувачките бродови на невладините организации ја влошуваат кризата. „Постојат некои меѓународни мисии кои само во Италија доведоа десетици илјади мигранти“.

Ставот на Рим ги поттикна некои официјални претставници и политичари на ЕУ да ја означат Италија како опасна. Комесарот за буџет на ЕУ, Гинтер Отингер, минатата недела рече дека владите како онаа во Италија сакаат да го ослабат или дури и да го уништат европскиот проект. Салвини ги отфрли таквите тврдења и вели дека и покрај жестоката критика на миграциската политика на ЕУ, тој не се согласува дека неговата земја е управувана од анти-ЕУ влада.

„Јас не сум против Европа. Јас сум за Европа која прави малку работи, но ги прави добро – оставајќи слобода на избор на други фронтови за одделни држави.

Италија беше една од земјите што беа најтешко погодени кога избувна миграциската криза во 2014 година. Илјадници Африканци пристигнаа во земјата кога го преминаа Медитеранот, а Рим се чувствуваше напуштен од своите европски партнери.

„Оваа Европа не покажува солидарност, а Италија останува сама да се справи со миграциските бранови“, премиерот Џузепе Конте се жалеше во јуни.

Како одговор на тоа Европската комисија понуди да ѝ плати Италија по 6.000 евра за секој примен мигрант – идеја што Рим категорично ја отфрли.

„На Италија не ѝ е потребна милостина,“ рече Салвини.

 

 

Регион

(Видео) Евакуирани стотина рудари од рудникот „Трепча“

Објавено пред

Евакирани се 100-ина рудари на косовскиот рудник „Стари трг“, кои беа заробени на 700 метри под површината по дефект на електричната мрежа. Тие се извлечени на површината кога било обвновено снабдувањето со струја.

Вршителот на должноста директор на „Трепча“, Џевдет Тахири, потврди за медиумите дека сите рудари се извлечени од рудникот. „Тие се во добра состојба и нивното извлекување беше овозможено со помош на Дистрибуцијата за снабдување со електрична енергија“, изјави тој.

100-ина рудари останаа на осмото, деветтото и на десеттото ниво. Експертите се трудеа да ги оспособат електричните инсталации за да ги извлечат рударите од јамата. Нема повредени рудари, а проблемот во рудникот настанал поради експлозија на трансформатор. Рудникот „Стари трг“ е дел од комбинатот „Трепча“.

Прикажи повеќе...

Свет

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Објавено пред

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини.

„Две години од почетокот на оваа администрација чувствувам дека го завршив сето она што го планирав кога ја презедов функцијата“, напиша Мичел. Според тоа, како што вели самиот, дошло време да поминува повеќе време со семејството, кое во изминатите месеци било многу време без него.

Како што објави „Вашингтон пост“, Мичел оставката му ја поднел на државниот секретар Мајк Помпео на 4 јануари, а последен ден на работа ќе му биде 15 февруари. Со оставката на Мичел во Стејт департментот се испразнува уште едно место на висок функционер. Моментно, 6 од 24 места чекаат потрвда од Сенатот.

За време на 16-те месеци што ги помина во европското биро во Стејт департментот, Мичел беше одговорен за односите со 50 држави и организации, како што се и НАТО и ЕУ. Мичел беше голем поддржувач на Македонија и на договорот од Преспа.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина забележа најнизок економски раст досега

Објавено пред

Економијата во Кина забележа најбавен раст во последните три децении.Втората најголема економија во светот порасна 6,6 отсто во 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени во понеделникот, што претставува најнизoк пораст од 1990 година досега.

Ова се должи на напорите на владата да се обиде да се справи со огромните долгови. Економијата на Кина исто така ги почувствува ефектите и од трговската војна со САД, што резултира со нови такси на производи во вредност од над 250 милијарди американски долари.

Ваквата ситуација има последици и на глобалниот пазар.

Економскиот раст во Кина забави до 6,4 отсто во последниот квартал од годината, покажуваат податоците во согласност со предвидувањата на економистите. Економскиот раст годинава се очекува да падне до 6 отсто, но многу аналитичари се скептични за точноста на владините пресметки и велат дека растот може да биде многу понизок.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија14 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија15 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија17 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија17 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт17 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија21 час

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие