Контакт

Вести

Матис порача дека САД не се во Ирак поради неговата нафта

Објавено пред

Американската војска не е во Ирак за да се „добере од нечија нафта“, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис во понеделникот, непосредно пред да пристигне во ненајавената посета на ирачката престолнина Багдад, дистанцирајќи се така од забелешките на претседателот Доналд Трамп во врска со намерите на администрацијата на неговите претходници во Белата куќа.

 

Матис, кому ова е прва посета на Ирак како челника на Пентагон, се надева дека ќе добие процена „од прва рака“ додека ирачките владини сили со поддршка на меѓународната коалиција предводена од САД ги спроведува операциите за ослободување на Мосул, последното големо упориште на џихадистичката организација Исламска држава.

Се претпоставува дека Матис веројатно ќе се соочи со забелешките и потезите, вклучително и привремената забрана за влегување во САД на државјаните на седум земји, меѓу кои и Ирак, како и изјавите за тоа дека САД требале да ја задржи ирачката нафта по соборувањето на ирачкиот сунитски диктатор Садам Хусеин на 2003 година.

Трамп во обраќањето пред припадниците на CIA во јануари им порача „Требаше да ја задржиме нафтата. Меѓутоа, во ред. Можеби ќе имате втора шанса“, вели.

Запрашан дали заканата за здржување на ирачката нафта е на дневниот ред на неговата посета на Ирак, Матис без да двоуми ја отфрли секоја помисла за тоа.

„Мислам дека сите ние овде во оваа соба, сите ние во Америка, го плативме своите гас и нафта и сигурен сум дека така ќе биде и во иднина. Не сме во Ирак за да се добереме до нечија нафта“, изјави Матис за малата група новинари кои го следат неговиот престој во Багдад, пренесува Reuters.

Агенцијата додава дека оваа изјава на Матис е само уште еден пример кој покажува дека постојат разлики во политичките изјави меѓу него и претседателот Трамп, Вториот призна дека Матис не се согласил со него во врска со тортурата како метод на испрашување, сепак одлучувајќи ова прашање да му го препушти на својот министер за одбрана./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Сончево време со температура до 25 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има повремен локален дожд, а во југоисточните...

Спорт9 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт10 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт10 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт10 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт10 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет11 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет11 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...

Свет11 часа

Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија,...