Контакт

Вести

Матис: Убиството на Кашоги ја подрива регионалната стабилност

Објавено пред

Убиството на новинарот Џамал Кашоги ја подрива регионалната стабилност, изјави министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, на меѓународна конеференција на Блискиот Исток.

Тој наведе дека Стејт департментот планира да преземе понатамошни активности како одговор на убиството. Матис не ја спомена директно Саудиска Арабија во врска со убиството на Кашоги во Конзулатот на Истанбул. Тој меѓутоа потсети дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ги укина визите на Саудијците кои се вмешани во убиството на новинарот и додаде дека ќе бидат преземени дополнителни мерки.

Турските власти претходно соопштија дека група од 15 Саудијци го мачеле, убиле и го распарчиле телото на новинарот. Саудиска Арабја првично негираше дека знае што му се случило на Кашоги, но пред неколку дена соопшти дека постојат докази дека убиството е извршено со предумисла. Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера ја повика Саудиска Арабија да ја каже точната локација каде се наоѓа телото на Кашоги.

Вести

Унгарија продава 19 ловци „миг-29“

Објавено пред

Министерството за одбрана на Унгарија одлучи на аукција да ги продаде своите ловци „миг-29“. Унгарските медиуми објавија дека на аукција ќе се најдат сите летала од советско производство кои не се во оперативна употреба од 2010 година.

Сите 19 ловци се продаваат во пакет, а некои од нив се делумно демонтирани. Во пакетот има и 20 мотори и уште 300 други делови вклучувајќи и авионски топови.

Почетната цена на пакетот е 2,8 милијарди форинти или околу 10 милиони долари. Но, пред да бидат официјално понудени на продажба, потребна е дозвола од Русија.

„Миг-29“ е советски повеќенаменски ловец. Унгарија во 1993 година добила 28 авиони од овој тип.

Прикажи повеќе...

Вести

Елизабет Ворен влегува во трката за претседател на САД

Објавено пред

Демократската сенаторка Елизабет Ворен и официјално ја најави својата кандидатура за претседател на САД. Кампањата за изборите што ќе се одржат во 2020 година ја заснова на популистичкиот повик на борбата против економската нееднаквост и создавање на Америка која ќе биде добра за сите.

Ворен повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се нашла средната класа и ситуацијата во која богатите не мора да сносат одговорност, а сите останати добиваат премалку прилики за успех.

Таа и нејзините приврзаници се надеваат дека оваа порака ќе ја одвои од останатите бројни кандидати за претседателска номинација од Демократската партија.

Ворен инаку е првиот истакнат демократ кој покажа интерес да се вклучи во трката за Белата куќа.

Прикажи повеќе...

Вести

Трамп одби да се состане со Мадуро

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп рече дека постои можност да се испратат војници во Венецуела, американскиот претседател посочи и дека тој го одбил барањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро за средба.

„Секако дека е опција”, вели Трамп во интервјуто за телевизијата Си-би-ес, додека зборуваше за можно испраќање на војници во Венецуела.

Според Трамп, Мадуро побарал средба со него, но тој го одбил бидејќи, како што посочи тој, отишле далеку во процесот.

Во интервјуто, американскиот претседател, исто така говореше и за американската база во Иран, за која тој посочи дека е многу важно да се задржи, така што Вашингтон да може внимателно да го следи Иран.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ56 минути

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ1 час

Aвтомобил излета од патот, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет1 час

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Регион2 часа

„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена...

Македонија4 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток16 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет19 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ20 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија20 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата21 час

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија21 час

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија22 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток22 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија23 часа

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија23 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија24 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 ден

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Досие