Свет
Мајка монструм од Унгарија го претепала детето бидејќи било немирно, па го оставила да умре
Минатата недела во Печуј, Унгарија почина тригодишно дете откако мајка му К.О.И.(27) го претепала и го оставила да умре. На злосторството посведочил и нејзиниот партнер (23), кој видел дека на детето му е потребна помош, но не презел ништо.
Како што пренесува Јутарњи лист, според изјавите на соседите, детето веднаш по раѓањето било сместено во дом за запуштени деца, бидејќи мајка му го напуштила. Пред десет месеци се предомислила и повторно ја презела грижата за малиот. Против мајката на детето и нејзиниот партнер е покрената истрага за убиство.
Се сомнева дека при малтретирањето мајката со толкава сила го фрлила детето на под што се здобило со фрактура на черепот. После тоа момчето почнало да повраќа, крвари и на крајот се задушило.
Според соопштението на Окружниот суд Печуј, осомничените живееле заедно во станот каде вечерта на 18 октомври се случило претепувањето на детето. Според изјавата, детето плачело во креветчето, мајката го подигнала и го фрлила на подот, при што со главата удрило во тврда подлога.
„Малото момче се здобило со фрактура на черепот и внатрешно крварење, а еден ден подоцна починало од повредите“, се наведува во соопштението на судот.
Понатаму беше наведено дека момчето почнало да повраќа поради повредите. Партнерот на мајката бил сведок на злосторството, но бил рамнодушен кон ситуацијата на детето. Мајката во полиција признала дека го тепала синот бидејќи бил немирен и премногу плачел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Две бебиња пронајдени закопани во ист двор, мајката под истрага во Италија: никој не знаел дека е бремена
Тело на новороденче било пронајдено закопано во дворот на куќа во провинцијата Парма, Италија, откако на 9 август во истата област било пронајдено уште едно тело на новороденче, кое наводно починало неколку дена претходно.
Пронајдените останки, според првичните испитувања, претставуваат скелет на бебе родено околу 40-та недела и се чини дека потекнуваат од пред повеќе од една година, поради што 22-годишната мајка на пронаједното бебе е осомничена за две чедоморства, пренесуваат медиумите во регионот.
Сомнежите се дека можеби го убила и сокрила и првото дете.
Според италијанските медиуми, мајката на новороденото девојче е под истрага за убиство и прикривање на трупот. Наводно, никој од членовите на семејството не знаел дека таа била бремена, дури ни таткото на детето.
Не посетила гинеколог и наводно се породила сама дома, без ничија помош.
„Не можеше се сама, не е можно“, вели Соња, мајка на младиот човек за кој се покажало дека е татко на бебето пронајдено во градината на семејната куќа.
Тој рече дека не знаел за бременоста, раскажала таа.
Во изминатите денови истражителите кои го пронајдоа првото тело се вратија во куќата и копајќи ги пронајдоа остатоците од второто тело. Во тек е обдукција која треба да ги открие причините и времето на смртта.
Прецизноста ќе биде важна за решавање на случајот, а оние кои ги виделе посмртните останки се убедени дека се работи за многу мало дете.
Прелиминарните резултати од обдукцијата на телото на новороденчето покажале дека се работи за момче кое дишело, а потоа починало набрзо по раѓањето, но причините за смртта се уште не се разјаснети.
Врската помеѓу овие две наоди сè уште не е разјаснета, стои во написите на тамошните медиуми.
Мајката на новороденчето моментално е единствената под истрага и оние кои ја познаваат ја опишале како ученичка без посебни проблеми.
Свет
Нетанјаху: Враќањето на Израелците на северот на земјата е воена цел
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утринава објави дека една од воените цели на израелската влада е враќање на жителите на северот на земјата, каде што избегаа од нападите на либанското исламистичко движење Хезболах.
Владиниот совет за политика и безбедност одлучи да го вклучи безбедното враќање на жителите од север во нивните домови како дел од целите на војната, се вели во најавата на израелскиот премиер.
Израелските сили и либанската вооружена група поддржана од Иран се напаѓаат речиси секојдневно по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Целта на нападите на Хезболах е да се поддржи Хамас.
Стотици луѓе загинаа во насилството, од двете страни.
Поради конфликтот, десетици илјади жители ги напуштија своите домови од двете страни на границата.
Свет
Се урна руски хеликоптер: пронајдени телата на жртвите
Три лица загинаа во Русија при пад на хеликоптер „Робинсон Р-66“ на компанија за ископ на злато, чии остатоци ги пронајде тимот за пребарување, соопшти денеска Центарот за цивилна заштита и противпожарна заштита Амур.
Хеликоптерот кој исчезна вчера се урнал на околу 30 километри од село, а во потрагата биле вклучени 20-ина лица со теренски возила и хеликоптер Ми-8, пренесува Интерфакс.
Поведена е кривична постапка за прекршување на правилата за движење и контрола на воздухопловот, пренесува медиумот.