Контакт

Вести

„Мајкрософт“ ја обвини Русија за хакерски напади во САД

Објавено пред

Кремљ соопшти дека не ги разбира обвинувањата на американската компанија „Мајкрософт“ дека хакери поврзани со руската влада се обиделе да ги нападнат веб-страниците на две американски организации. Од Кремљ додаваат дека компанијата не понудила никакви докази за таквите обвиненија.

„Не знаеме за кои хакери зборуваат“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Мајкрософт“ соопшти дека минатата недела осуетил обид на хакери да ги нападнат веб-страниците на две десноориентирани непрофитни организации, Меѓународниот републикански институт и Институтот „Хадсон“, сугерирајќи дека таквите и слични напади претставуваат закана за низа организации поврзани со двете американски политички партии пред изборите за Конгресот во ноември оваа година.

„За кого точно зборувате? Не разбираме врз основа на кои докази носат такви заклучоци“, рекол Песков.

„Мајкрософт“ наведе дека ги осуетила нападите така што презела контрола над шест веб-страници што ги креирале хакерите за да ги имитират страниците на двете организации. На тој начин хакерите ги мамат жртвите да го внесат своето корисничко име и шифра и да им ги украдат податоците.

Вести

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Објавено пред

Од

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите фотографии и податоци од ова вселенско тело, во рамки на мисијата која би можела да даде информации за настанувањето на Сончевиот систем и развитокот на Земјата.

Двата ровери, тешки околу еден килограм, се опремени со камери, и ќе се движат околу вселенското карпесто тело Рјугу, со пречинк од еден километар кое има слаба гравитација. Роверите ќе ја мерат температурата и ќе прават снимки од неговата површина, објави Би-би-си.

„Двата ровери се во одлична состојба“, објави јапонската вселенска агенција со првите фотографии од Рјугу.

Астероидот, во форма на дијамант и темна површина, се врти околу својата оска еднаш на секои седум ипол часа. Ова инаку е првпат космички брод успешно да ги спушти своите роботски ровери на површината на еден астероид.

Астероидите во основа се преостанат материјал кој потекнува од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години. Под негостопримливата површина, се верува дека содржат големо богатство информации за настанувањето на планетарниот систем.

„Очекуваме дека вселенската карпа во форма на дијамант е богата со вода и органски материјали што ќе им помогнат на научниците подобро да ја разбираат интеракцијата меѓу материјата од кое е составена Земјата и настанувањето на океаните и животот на неа. Со тоа уште повеќе ќе ја развиеме науката за Сончевиот систем“, соопшти јапонската агенција.

На крајот на октомври „Хајабус 2“ ќе се спушти на астероидот, кој е оддалечен околу 280 милиони километри од Земјата, за да ги собере примероците од карпестото тло.

Прикажи повеќе...

Вести

Ватикан привремено суспендира бискуп осомничен дека силувал калуѓерка

Објавено пред

Од

Ватикан го прифати барањето на еден индиски бискуп привремено да биде ослободен од должноста затоа што е под истрага под обвинение дека силувал калуѓерка.

Во писмото објавено на веб-страницата на Католичката бискупска конференција на Индија, нејзиниот претседател, кардиналот Освалд Грацијас, навел дека папата Франциско примил барање бискупот привремено да биде ослободен од должноста.

Калуѓерката тврди дека бискупот Франц Мулакала, кој ја предводи Јаландхарската бискупија, ја силувал во период од две години. Против него сè уште не е поведено обвинение, но во интервју за медиумите ги отфрлил обвинувањата.

Ватикан вообичаено не ги објавува привремените промени на статусите, туку само трајните оставки на бискупите откако ќе ги прифати папата и стануваат официјални.

Прикажи повеќе...

Вести

Ким Џонг-ун му подари два тони печурки на претседателот на Јужна Кореја

Објавено пред

Од

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега Мун Џае-ин – голема количина од ретките печурки мацутаке, соопштил портпаролот на кабинетот на Мун.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот стигна во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, рекол Јон Јунг.

Мун дал инструкции печурките да им се поделат на раздвоените семејства на југот што не успеале да се сретнат со своите семејства во Северна Кореја.

„Се надевам дека печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја ќе може да им дадат утеха“, навел Мун.

Десетина илјади луѓе сè уште се разделени од своите семејства по крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Виница Виница
Македонија20 минути

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет37 минути

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет53 минути

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ53 минути

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија19 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија20 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија21 час

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија23 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет24 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија24 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Досие