Контакт

Свет

Медведев: Лекот има насочен ефект, дејствува на целта

Објавено пред

Реакциите на германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак на интервјуто на рускиот претседател, Владимир Путин, со американскиот новинар Такер Карлсон укажуваат дека „лекот дејствува на целта“, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Тој посочи дека не е практика шефовите на држави да коментираат на тема интервјуа на своите колеги од други земји, пренесува ТАСС.

„Но, во овој случај, еве. Двајца од најголемите политичари на нашето време, чудниот Британец Сунак и чистокрвниот Шваба Шолц, почнаа да изразуваат несогласувања со содржината на интервјуто на рускиот претседател со Такер Карлсон. Не им се допаѓа, не ги сакаат аргументите и, генерално, ништо не им се допаѓа“, напиша Медведев на „Телеграм“.

Тој заклучи дека тоа покажува оти „лекот удрил токму онаму каде што треба“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Риши Сунак го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за грубо погрешно прикажување на потеклото на конфликтот и ситуацијата во Украина за време на интервјуто што му го даде на Карлсон минатата недела.

Значаен дел од двочасовниот разговор на Путин со Карлсон, кој беше објавен на 9 февруари, беше посветен на украинскиот конфликт и односите на Русија со САД, НАТО и Западот воопшто.

Најново

Спорт5 часа

Норис по силниот дожд до пол позицијата во Бразил, Расел „жртва“ на тимот

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешното првенство во Формула...

Спорт5 часа

(Видео) „Шумарите“ го декласираа Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити доживеаа голем дебакл во Премиер лигата, воедно го забележаа третиот пораз по ред. Манчестер Сити беше...

Црна хроника6 часа

Скопјанец приведен откако кај него бил пронајден хероин

Скопјанец на 46-годишна возраст е приведен откако при полициски преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи информира...

Црна хроника6 часа

11 пријави за семејно насилство за едно деноноќие, приведени осомничени во повеќе градови

Во изминатото деноноќие на територијата на целата држава биле регистрирани 11 пријави за семејно насилство, информираат од Министерството за внатрешни...

Свет8 часа

Туск по нападот во Краков со шест жртви: Политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели

Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков,...

Спорт9 часа

(Видео) Едегор за нова победа на Арсенал, ремизираа Фулам и Њукасл

Фудбалерите на Арсенал го победија Хал со 1:0, во натпреварот од 10-тото коло од Премиер лигата. Во истиот термин Фулам...

Економија9 часа

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

За да бидат конкурентни на меѓународните пазари, македонските компании мора да понудат многу повеќе од добра цена. Квалитетот, современата технологија,...

Спорт9 часа

(Видео) Контраверзна победа на Маркез, херојска трка на Мартин, ужасен пад на Бањаја

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринт трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната...

Македонија10 часа

Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции

Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и...