Свет
Медведев: Немаме односи со САД, тие се замрзнати на апсолутна нула

Русија сега нема односи со САД, тие се на апсолутна нула, односно не е можно дополнително да се замрзнат, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
„Сега немаме односи со САД. Тие се на нула на скалата на Келвин. И нивното одмрзнување сега не е потребно. И засега не е неопходно да се преговара со нив. Тоа е штетно за Русија“, рече тој.
Медведев смета дека сега е најнеповолното време за нови преговори со САД за продолжување на договорот за намалување на стратешкото оружје (СНВ-3).
„Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот на државата. Како човек што има директна врска со тој договор и кој го потпиша во 2010 година, верувам дека сега е најнеповолното можно време за нови преговори“, рече Медведев.
Според негова процена, минатата година преговорите се воделе во изменети околности, а сега се во мртва зона.
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го продолжи договорот за намалување на стратешкото оружје за пет години, односно до 2026 година, што овозможува обединета руско-американска контрола врз нуклеарното оружје.
Русија и САД почнаа да ги усогласуваат параметрите на идниот договор за ограничување на нуклеарното оружје, но го прекинаа дијалогот по почетокот на специјалната воена операција во Украина. Американскиот Стејт департмент објави дека Вашингтон е подготвен да ја разгледа можноста за нова рунда стратешки дијалог со Русија, но дека сака докази за добронамерниот пристап на Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме со промените на Кирил Петков и Асен Василев.
„Ги прекинуваме сите преговори со Продолжуваме со промените за формирање влада. Мотивот за ова е одлуката за протерување на 70 дипломати од Русија. Ова е без преседан, ова е прекин на дипломатските односи. Ние од БСП за Бугарија категорично констатираме дека ваква одлука не е разговарана и донесена во Советот на министри. БСП долги години се бори за владеење на правото“ – изјави лидерката на БСП, Корнелија Нинова, пренесе „БГНЕС“.
Според неа, Петков носи лични одлуки за прашања кои ја засегаат националната безбедност.
Од владејачката партија ПП се надеваат дека БСП ќе ја преиспита својата одлука.
Свет
Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од неговиот кабинет.
Во соопштението меѓудругото се вели дека Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на состанокот на самитот на НАТО во Мадрид ја истакнале „важноста да се испрати порака за единство и сила“ за време на руската инвазија врз Украина.
Макрон го поздравил вчерашниот договор со Турција, поради укинувањето на блокадата за прием на Шведска и Финска во алијансата.
Двајцата лидери во Мадрид разговарале и за потребата да се најде начин да се дозволи извоз на украинско жито. Согласни се да продолжат да се координираат и да работат со ОН за постигнување услови за обезбедување на безбедноста на пристаништето Одеса и поморските конвои во Црното Море.
Европа
Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета за терористи, најави министерот за правда, Бекир Боздаг. Барањето доаѓа еден ден по потпишувањето на меморандумот меѓу трите земји, што го отвора патот за Хелсинки и Стокхолм кон членство во НАТО.
„Како дел од новиот договор, ќе побараме од Финска да екстрадира шест члена на ПКК и шест члена на Фето, а од Шведска да екстрадира десет члена на Фето и единаесет члена на ПКК“, рече турскиот министер.
Вчера, пред отворањето на самитот на НАТО во Мадрид, Ердоган се сретна со финскиот колега Саули Ниинисто и со шведската премиерка Магдалена Андерсон. Турција го блокира влезот на двете земји во НАТО обвинувајќи ги за засолниште на милитантите на двете движења. На крајот на средбата во Мадрид беше презентиран меморандум на три земји, со кој се отвора пат за проширување на алијансата.
„Турција го доби она што го сакаше“, соопшти кабинетот на турскиот претседател мислејќи на целосната соработка на државите во борбата против тероризмот.
Ердоган денеска ги објави 7-те точки од договорот потпишан со Шведска и Финска.
1. Финска и Шведска нема да обезбедат поддршка за ПКК и Фето, а Турција за возврат ќе обезбеди целосна поддршка на земјите во борбата против заканите врз нивната национална безбедност. Финска и Шведска се согласија најостро да го осудат тероризмот во сите негови форми и манифестации.
2. Финска и Шведска се обврзаа да потврдат дека ПКК е забранета терористичка организација и се обврзаа да ги спречат активностите на групата и сите други терористички субјекти, како и активностите на поединци во поврзани и групи или мрежи поврзани со тие терористи организации.
3. Финска истакна неколку неодамнешни амандмани на својот кривичен закон, кои го проширија опсегот на кривичните дела, од кои последниот стапи во сила на 1 јануари 2022 година. Шведска, од своја страна, потврди нов, построг закон за кривични дела на тероризмот и дека владата се подготвува дополнително да го заостри законодавството за борба против тероризмот.
4. Турција, Финска и Шведска потврдија дека меѓу нив повеќе не постои национално ембарго за оружје. Шведска ја менува својата национална регулаторна рамка за извоз на оружје во однос на сојузниците во НАТО.
5. Турција, Финска и Шведска се обврзаа на следните конкретни чекори: трите земји се согласија да воспостават заеднички, структуриран механизам за дијалог и соработка на сите нивоа на власта. Финска и Шведска ќе се борат против тероризмот одлучно и во согласност со одредбите на релевантните документи и политики на НАТО обврзувајќи се да ги преземат сите неопходни чекори за дополнително заострување на домашното законодавство за таа цел. Финска и Шведска навремено и темелно ќе ги решат барањата на Турција за депортација или екстрадиција на осомничени за тероризам.
6. За спроведување на овие чекори, Турција, Финска и Шведска ќе воспостават постојан заеднички механизам, со учество на експерти од министерствата за надворешни работи, внатрешни работи и правда, како и разузнавачки служби и безбедносни институции.
7. Турција исто така ја потврди својата долгогодишна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО согласувајќи се да ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на самитот во Мадрид во 2022 година.