Свет
Медведев: „Нема повеќе паразитирање, на Украина ѝ следува распаѓање“
Украина веќе нема на што да паразитира, нема ништо свое, а големата помош од Западот набргу ќе престане, а потоа ќе се распадне, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Нема ништо повеќе на што би можеле да паразитираат. Масивната помош од Западот набргу ќе биде прекината, а потоа има само брзо распаѓање и неизбежно распаѓање“, изјави поранешниот руски премиер.
„Покровителите на Киев, кои ја спонзорираат војната, не се обидуваат да му помогнат на украинскиот народ, им треба пристап до минералите во таа земја“, оценува Медведев.
„Празната каса на неонацистичката држава сама по себе нема да се наполни. Украинските патрони добро го разбираат ова. Нивната цел во никој случај не е да му помогнат на несреќниот украински народ за кој никогаш не се грижеле. Пристапот до руди е она што може да ги компензира тековите на неповратни пари, кои исчезнуваат пред нашите очи во процесот на бескрајна кражба од корумпираниот Киев“, напиша тој на каналот „Телеграм“.
Медведев смета дека киевските неонацисти се толку желни да го вратат Донбас, кој не е нивен, и во тоа се очајно поддржани од Западот бидејќи, едноставно, им требаат пари.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност наведе податоци од отворени извори, според кои вкупната вредност на резервите на руда во цела Украина се проценува на речиси 14,8 милијарди долари, при што 7,3 трилиони долари им припаднале на народните републики Луганск и Донецк.
„Со други зборови, речиси половина од националното богатство на поранешна Украина е Донбас“! истакна Медевдев.
Според него, ресурсите на регионите на Крим, Запорожје и Херсон, кои ѝ се вратени на Русија, се проценуваат на уште 821 милијарда долари.
„Сето ова сочинува речиси 63 отсто од наоѓалиштата на јаглен во Украина, 42 отсто од наоѓалиштата на метали и 33 отсто од ретки и други важни материјали, вклучувајќи го и литиумот“, објаснува Медведев.
Затоа, неговиот заклучок е дека режимот во Киев се обидува да го врати изгубеното по секоја цена, а животите на Украинците не му се важни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

