Свет
Медведев: Никогаш не ги сакавме Французите
Француското Министерство за надворешни работи го прогласи украинскиот масакр врз цивилите во Белгород за самоодбрана, изјави поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев.
Украинската артилерија лансира касетни бомби на централниот плоштад на рускиот град во саботата, при што беа повредени над 100 цивили, а 25 загинаа, меѓу кои и деца.
Запрашан за тоа портпаролот на Министерството за надворешни работи во Париз рече дека Украина „дејствува во самоодбрана“, а Русија е „државата агресор“ одговорна за сите „човечки трагедии што го придружуваат конфликтот“.
„Никогаш не ги сакавме Французите“, рече Медведев во објавата на „Телеграм“. „Жабите водеа војна против нас“, додаде тој мислејќи на инвазијата на Наполеон Бонапарта во 1812 година.
„Сега сме убедени во тоа. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека нападот на Белгород со касетна муниција бил самоодбрана, додаде тој. „Олоши. Копилиња. Изроди“, вели Медведев.
Францускиот одговор на масакрот во Белгород го повтори официјалниот став на Европската Унија, која целосно го поддржа Киев.
„Општо земено, Украина има законско право да се брани“, рече во средата портпаролот на ЕУ за надворешна политика, Петер Стано. „Во врска со конкретниот инцидент во Белгород, ниту една информација, која доаѓа од Русија, не може да се смета за веродостојна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

