Европа
Медведев: Санкциите наметнати на Русија ќе бидат во сила со децении

Воведените санкции кон Русија ќе бидат во сила со децении, а тоа не е ни поврзано со специјалната операција во Украина, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Медведев рече дека е очигледно дека санкциите ќе бидат во сила уште долго, како што беше во минатото, вклучувајќи го и периодот на Социјалистичка Република Србија, пренесува РИА Новости.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија нагласува дека поради тоа треба да се потпре само на сопствените сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.
Европа
Лавров: Киев лаже!

Наводите дека руската војска ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев се лага, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат тамошните медиуми.
„Со еден збор – тие лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно изнесува факти“, истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега Буи Тан Сон.
Лавров уште и рече дека „западните земји мора да се свесни за својата одговорност без оглед како и што објаснуваат украинскиот претседател Зеленски и неговите соработници“.
„Западот мора да е свесен за својата одговорност за губењето цивили, пред сè во Донбас и во другите делови на Украина“, рече Лавров.