Вести
Медиумите резиденцијата на Трамп на Флорида ја нарекоа „рај за шпионите“
Навиката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги минува викендите во приватната резиденција Мар-а-Лаго на Флорида може да биде опасна, бидејќи ова место станало вистински „рај за шпионите“, пишува Politico.
Приватниот клуб на Трамп на југот од Флорида, во којшто американскиот претседател ги минува викендите, е ранлив за шпионски активности. Присуството во резиденцијата на надворешни лица самото посебе може да доведе до истекување информации, пишува Politico повикувајќи се на низа поранешни припадници на Тајната служба на САД, задолжена за безбедноста на највисоките државни функционери и нивните семејства, како и на припадници на разузнавачките агенции.
Иако безбедносните служби направиле извесни преправки и трансформација во резиденцијата Мар-а-Лаго која сега прилега на тврдина опкружена со вооружени чувари, детектори за метал и кучиња обучени за откривање експлозиви, во обезбедувањето на местото за одмор на американскиот претседател постојат значителни слабости, се наведува во статијата. Од аспект на специјалните служби, опасност преставува приливот од гости, кои може да влезат во клубот без соодветна безбедносна проверка.
Гостите во клубот Мар-а-Лаго минуваат низ неколку контролни пунктови, каде се проверувани за присуство на оружје, а за потврдување на нивниот идентитет тие задолжително мора да имаат пропусници со фотографија. Во клубот може да влезат секој што има покана барем од еден од неговите членови, но притоа не е јасно кој треба да се занимава со собирањето информации за нивните личности, се наведува во статијата.
Според поранешните припадници на Тајната служба на САД, нивата агенција се занимава со обезбедување на непосредната безбедност на претседателот и следи некој да не се обидува да го прислушува со помош на специјални уреди. Сепак, странските разузнавачки служби може да собираат податоци и на други начини, на пример со прислушување на соработниците во администрацијата на Трамп или дури да добијат податоци за навиките на претседателот и карактеристиките на персоналот вработен во резиденцијата, пишува натаму Politico.
Покрај тоа, разузнавачите дури и не мора да влезат на територијата на резиденцијата на Трамп, за нив таа работа може да ја завршат членовите на клубот, кои може да бидат поткупени или уцените, се предупредува во написот. Листата со имињата на речиси 500 членови на клубот во Мар-а-Лаго веќе се во посед на медиумите, потсетува авторот на статијата.
„Претседателот е најважната цел за разузнавачите од целиот свет, и тие нема да штедат ниту време ниту средства за да стасаат до него“, вели за Politico поранешниот заменик на јавниот обвинител на САД, Дејвид Крис, Според мислењата на експертите, со секоја нова посета на Трамп на Мар-а-Лаго се зголемува опасноста странските разузнавачки служби да бидат во можност да ги искористат недостатоците на безбедносниот систем, заклучува Politico.
Откако републиканецот Донад Трамп на 20-ти јануари ја презеде претседателската должност во медиумите повеќепати се појавија информации за она што се случува во Белата куќа. Самиот Трамп го изрази својот гнев и гнасење од протекувањето на ваквите информации, и укажа дека во тоа може да се вклучени неговиот претходник демократот Барак Обама и членови од неговата администрација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
