Контакт

Европа

Медицинска сестра на црвениот тепих во Венеција

Објавено пред

Медицинска сестра од болницата во Милано, чие лице стана симбол на борбата против Ковид-19, Алесија Бонари, беше прогласена за личност на годината и доби награда на филмскиот фестивал во Венеција.

На фотографијата која младата медицинска сестра (23 години) ја објави во март, во екот на пандемијата на коронавирусот, се гледаше нејзиното лице со модринки од долгото носење на заштитна маска по маратонската смена во болницата, каде лекуваше пациенти заразени со коронавирус.

На некој начин оваа фотографија стана симбол за пожртвуваноста на здравствените работници во борбата со вирусот.

Под фотографијата, таа напиша: „Ги замолувам сите што ќе го прочитаат ова да не ги уништат нашите напори, да бидат алтруисти и да останат дома за да ги заштитат најслабите“.

Европа

Украдена реликвија со капки крв од папата Јован Павле Втори

Објавено пред

Реликвија од злато и кристали, во која се чуваат капки крв од светиот папа Јован Павле Втори, била украдена од катедралата во градот Сполето, во централниот дел на Италија, пренесува „Ројтерс“.

Реликвијата била украдена во средата од олтарот посветен на полскиот папа, кој почина во 2005 година, по 27 години понтификат.

Предметот бил привремено изложен во катедралата во Сполето. Следниот месец требало да биде префрлен во нова црква во регионот Умбрија, именувана по покојниот папа.

Надбискупот Ренато Бокардо, долгогодишен близок соработник на папата во Ватикан, повика предметот да биде вратен на катедралата и верниците.

Тој рече дека сè уште не е познато дали реликвијата била украдена за откуп, како што во минатото се случувало со други вакви предмети во Италија.

Во тек е полициска истрага за случајот.

Прикажи повеќе...

Европа

Рекордна бројка на новозаразени во европското жариште на вирустот

Објавено пред

Велика Британија пријави 6.634 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорден број на заразени за еден ден и е знак дека земјата е погодена од вториот бран на пандемијата.

Денешниот врв на вториот бран е многу поголем отколку во април и мај затоа што Велика Британија тогаш немаше можност да тестира толку голем број граѓани, констатира „Ројтерс“. Според аганцијата, во овој момент капацитетите за тестирање се под голем притисок.

Објавено е и дека во последните 24 часа починале уште 40 лица, но здравствените власти нагласуваат и дека за време на првиот бран се регистрирале и по 1.000 смртни случаио дневно.

Новите рестриктивни мерки што пред неколку дена ги објави премиерот Борис Џонсон против ширењето на коронавирусот наидоа на жестоки реакции во јавноста и деловните кругови во Велика Британија.

Презентирајќи ги мерките што во земјата може да останат во сила дури шест месеци, Џонсон предупреди дека Велика Британија дошла до опасна пресвртна точка во борбата со вирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Објавено пред

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во Берлин закрепнуваше од труењето, изјави денеска неговата портпаролка, Кира Јармиш.

„Ова значи дека станот не може да се продава, да се подари или да се стави под хипотека“, објасни Јармиш на видеото на „Твитер“.

Таа додаде дека неговиот имот бил замрзнат на 27 август поради тужба од компанија што доставува храна до училиштата во Москва.

Во октомври минатата година рускиот суд нареди Навални и неговите соработници да ѝ платат 1,4 милион долари отштета на компанијата бидејќи, според судот, тие неоправдано го довеле во прашање квалитетот на храната.

На 44-годишниот критичар на владеењето на Владимир Путин претходно месецов му се слоши во авион над Сибир. Тој од Русија беше пренесен на лекување во Берлин, а германската влада извести дека тестовите спроведени во Германија, Франција и во Шведска покажале дека бил отруен од нервниот агенс „новичок“.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли случајот што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва ги отфрла обвинувањата и вели дека нема индиции оти е сторено злосторство против Навални, кој оттогаш закрепна.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ14 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа15 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија16 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија17 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет17 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија18 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија19 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија20 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет20 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион21 час

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ21 час

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија21 час

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија21 час

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија23 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа23 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија24 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа1 ден

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет1 ден

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет1 ден

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие