Контакт

Свет

Медлин Олбрајт назначена за претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД

Објавено пред

Поранешниот државен секретар Медлин Олбрајт положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика, соопшти Пентагон, речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ненадејно ги отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.

Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон претходно оваа година.

На почетокот на февруари Остин отпушти стотина членови на 42 одбори и комитети на одделот, вклучително и контроверзни членови назначени во деновите на администрацијата на Трамп во опаѓање, јавуваат американските медиуми.

Сега, една година откако беше отстранета од Комитетот за одбранбена политика, 84-годишната Олбрајт ќе се врати на функцијата претседател. Таа беше првата жена државен секретар од 1997-2001 година.

„Под раководство на секретарот Остин, Одделот се прилагодува на променливата природа на војувањето и работи да остане пред сите потенцијални противници“, се вели во соопштението на Олбрајт.

„Со нетрпение очекувам да соработувам со моите колеги во ДПБ за да им понудиме наши независни совети за низа политички прашања со кои се соочува Одделот“, додаде Олбрајт.

Комитетот за одбранбена политика е надворешна советодавна група составена од поранешни високи функционери за национална безбедност кои на министерот за одбрана и заменик-министерот за одбрана му даваат независни совети и мислења за прашањата на одбранбената политика.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Објавено пред

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави СЗО.

Во своето утринско соопштение, СЗО дава некои насоки за земјите-членки во врска со појавата на новиот вид. СЗО вели дека постои голема веројатност за понатамошно ширење низ светот.

Исто така, организацијата предупредува дека во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, кои се уште се истражуваат, може да има сериозни последици.

„Омикрон има невиден број на мутации на шилестиот протеин, од кои некои се загрижувачки поради нивното потенцијално влијание врз текот на пандемијата“, соопшти СЗО, додавајќи дека веројатноста за потенцијално натамошно ширење е висока на глобално ниво.

СЗО, исто така, предупреди дека, во зависност од карактеристиките на оваа варијанта, може да се појават дополнителни бранови на инфекцијата со Ковид-19, што може да има сериозни последици.

На државите им се препорачува да ги приспособат меѓународните мерки за патување, со напомена дека наскоро ќе бидат издадени дополнителни упатства.

Светската здравствена организација предупредува дека постои загриженост за можноста омикрон да го избегне стекнатиот имунитет.

„Со оглед на мутациите кои можат да го избегнат стекнатиот имунитет и евентуално повисокото ниво на преносливост, постои голема веројатност за понатамошно ширење на омикрон на глобално ниво. Во зависност од овие карактеристики, може да се случат идни бранови на Ковид-19, што може да има сериозни последици. Проценуваме дека севкупниот глобален ризик поврзан со новиот вид на Ковид-19 е многу висок“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

Американка по трет пат во три години на лотарија освоила 50.000 долари

Објавено пред

Жена од сојузната американска држава Мериленд по трет пат за околу три години на лотарија освоила награда од 50.000 долари.

Таа вели дека е шокирана од фактот што на лотарија добива по трет пат.

„Едноставно не можев да верувам, повторно!“, изјавила 61-годишната жена.

Според Си-ен-ен, таа купила две ливчиња во вредност од пет долари, а второто и донело награда од 50.000 долари.

Прикажи повеќе...

Свет

Сијарто: Западните лидери не можат да си дозволат јавно да кажат дека руската вакцина е најефикасна

Објавено пред

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за „Раша Тудеј“ изјави дека е фрустриран од западните лидери.

Како што вели, тие политички си поигруваат со руската вакцина Спутник В.

Тој е убеден дека овие лидери не можат да си дозволат јавно да признаат дека руската вакцина е најдобрата.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри вакцините Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон, но рускиот Спутник В се уште чека одобрување и покрај фактот што веќе се користи во 70 земји во светот.

За Унгарците вакцинирани со Спутник В тоа значи дека не можат да добијат дигитален ЕУ-сертификат за ковид.

„Ова е многу фрустрирачко за мене“, изјави Сијарто за Раша Тудеј, истакнувајќи дека според регулативите на ЕУ, ЕМА или владите на државите членки можат да одобруваат вакцини, како што направи унгарската влада со Спутник В.

„Не разбираме зошто ова одобрение не го почитуваат другите земји-членки“, додаде тој.

„Запоставувањето на Спутник В од страна на ЕУ е повеќе прашање на политика отколку на ефикасност“, рече тој.

„Секогаш кога разговарам со моите колеги од Западна Европа, тие секогаш ми велат дека се свесни дека руските научни достигнувања се на добар глас. Приватно, сите го кажуваат тоа, но кога излегуваат во јавноста, секој зборува поинаку. Истражување објавено во медицинскиот списание The Lancet и компаративните студии од Унгарија објавени оваа недела покажуваат дека руската вакцина е најефикасна од сите пет вакцини во спречувањето на смртта од Ковид. Таа е втора најефикасна во спречувањето на самата инфекција, по американската Модерна“, наведува Раша Тудеј.

И Сијарто ја избрал руската вакцина.

„Причината зошто бев вакциниран со Спутник е едноставна. Кога бев дете, бев вакциниран со советски вакцини. Бидејќи сè уште сум жив и здрав, решив дека нема потреба од промени”, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави СЗО. Во своето утринско соопштение, СЗО дава некои насоки...

Македонија22 часа

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет22 часа

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија22 часа

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија23 часа

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет1 ден

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија2 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Македонија2 дена

ДУИ смета дека оставката на Заев од премиерката позиција треба да почека

Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека ДУИ верува оти оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата прв човек на...

Македонија2 дена

Двајцата пациенти од автобуската несреќа се хоспитализирани на Пластична хирургија во Скопје

Пациентка на 17 годишна возраст и пациент на 49 годишна возраст, повредени во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот...

Македонија2 дена

Филипче предлага матичните лекари да бидат парично наградени ако 70 отсто од нивните пациенти се вакцинирани

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во последниве неколку дена се разгледуваат мерки за невакцинираните лица кои нема да...

Македонија2 дена

Бугарското обвинителството ги презеде материјалите од Македонија за истрагата за автобуската несреќа

Македонското државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во...

Македонија2 дена

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет2 дена

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Свет2 дена

Автобус се заби во куќа во Мексико, најмалку 19 загинати

Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, кога автобус се...

Македонија2 дена

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија2 дена

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион2 дена

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија3 дена

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ3 дена

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Досие