Свет
„Мекдоналд“ најде купувач за рестораните во Русија

Популарниот американски синџир за брза храна „Мекдоналд“ денеска објави дека почнал процес на продажба на своите ресторани во Русија на еден од носителите на лиценцата во таа земја откако работел повеќе од 30 години, јавува „Анадолија“.
Најавено е дека Александар Говор, кој раководи со 25 ресторани во Сибир, е подготвен да купи 850 руски ресторани „Мекдоналд“ и да ги работи под ново име, а продажната цена не е откриена.
Компанијата во понеделникот соопшти дека ќе ја напушти Русија по инвазијата на Украина.
„Договорот за продажба е предмет на регулаторно одобрување и се очекува да биде затворен во рок од неколку недели“, велат од „Мекдоналд“.
Спич, која ја поседува лиценцата од 2015 година, се согласи да задржи 62.000 вработени најмалку две години под исти услови како и „Мекдоналд“, како и да им исплати плати до затворање на продажбата, пренесе „Дневен аваз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Силни експлозии утринава во Миколаев

Силни експлозии утринава се слушаат во јужниот украински град Миколаев, изјавил градоначалникот Олександр Сенкевич, пренесуваат агенциите. Жителите на овој град добиле препорака да останат во засолништата.
Сирените за воздушен напад се огласиле во регионот на Миколаев кој се наоѓа во близина на пристаништето Одеса.
Градоначалникот Сенкевич на Телеграм напиша: „Во градот има силни експлозии, останете засолнети“.
Експлозиите следуваат откако вчера со руски ракетни удари во близина на Одеса настрадаа над 20 луѓе, меѓу кои и две деца, јавоја локалните власти.
Во средата осуммина загинаа откако ракета погоди станбена зграда токму во Миколаев.
Вчера портпаролот на Кремљ, Дмитриј песков порача дека Русија не гаѓа цивилни цели во Украина.
Свет
Екс шеф на Пентагон: Путин е лик од роман на Достоевски кој оди на спиење лут

Џим Матис – поранешниот американски секретар за одбрана со остра критика за рускиот претседател Владимир Путин. Тој руската инвазија на Украина ја нарече „некомпетентна и непромислена“.
Матис во својот говор во Сеул Путин го спореди со параноични ликови од романите на Фјодор Достоевски.
„Путин е вистински лик од роман на Достоевски. Оди на спиење лут, уплашен, мисли дека Русија е опкружена со ноќни мори“ рече Морис .
Екс шефот на Пентагон не се огласуваше многу во јавноста откако поднесе оставка во 2018 година, поради несогласување со тогашниот претседател Доналд Трамп.
Матис смета дека Путин не може да носи паметни одлуки затоа што покрај него нема луѓе кои добро би го советувале.
На прашањето за најголемите поуки од руската војна во Украина, Матис вели „Неспособни генерали не би требало да ви ги водат операциите. Војната е доволна трагедија без дополнителни глупости“.
Регион
Курти: САД се најголемите сојузници на Косово

Премиерот на Косово, Албин Курти на церемонијата на одбележување на 246. годишнината од независноста на САД рече дека тие се најголемите сојузници на народот во Косово, пренесува „Репортери“.
Курти во својот говор рекол дека американската декларација за независност била голем пресврт во светската историја.
Тој потсетил дека на почетокот на 20. век Албанците се бореле за да го обезбедат своето место меѓу независните нации, а тогашните лидери надежта ја гледале во американскиот идеализам на претседателот Вилсон.
„На крајот на 20 век химанитарната интервенција која ја предводеа САД, водена од идејата за превласт на човековите права над државниот суверенитет, го обезбеди опстанокот на народот во Косово. Денес сме посветени на животот, слободата и потрагата по среќа за нашата земја, за нашиот регион и пошироко, без оглед на расата, етничката припадност, бојата на кожата, верата, политичките уверувања, сексуалната ориентација или било која друга разлика“ порача Курти.