Вести
Мексиканската полиција најде десет трупа, шест од нив обезглавени

Десет луѓе се убиени последното деноноќие во немирната западна сојузна мексиканска држава Гереро, а шест од нив биле обезглавени, соопшти во понеделникот по локално време претставникот на групата за координација на безбедноста во државата, Роберто Алварес.
Како што пренесува весникот El Universal, шесте обезглавени тела биле најдени во автомобил во градот Чилпансинго, административен центар на државата Гереро. Отсечените глави, исто така, биле најдени во возилото, спакувани во пластични кеси.
Телата на уште четири лица биле најдени во градот Чилапа. Две тела биле фрлени крај патот, а уште две се најдени во еден дом.
Жртвите засега не се идентификувани, а исто таа, не се најдени докази кои би упатувале на можните извршители на овие злосторства, додал Алварес.
Во државата Гереро, која се наоѓа на пацифичкиот брег на Мексико, на границата со САД, најжестоки се судирите на нарко картелите последните неколку години. Минатата 2016 година биле регистрина повеќе од 2.000 убиства. И покрај засилените безбедносни мерки и ангажирањето на армијата и сојузната полиција, властите на оваа држава не можат да се справат со големиот криминал.
На 29-ти септември 2014 година исчезнаа 43 студенти од Атцојинапе кои претходните денови, на 26-ти септември, дошле да протестираат во Игуала и да собираат финансиска помош, а по завршување на протестот тргнале кон своите домови со автобуси на јавниот транспорт. Според искази на очевидци, врз автобусите пукале полицајци и вооружени мажи, и потоа студентите ги одвеле во непознат правец и биле егзекутирани, но нивните телеа до денес не се пронајдени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека не постои директна опасност за потреси во Србија по разорните земјотреси во Турција, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени.
Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со српскиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.
Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија каде погинаа стотици луѓе, но и стотици згради се урнаа до темел.
Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.
Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.