Контакт

Вести

Мексиканскиот залив се подготвува за ураганот „Гордон“

Објавено пред

Тропската бура „Гордон“ се очекува да прерасне во ураган кога ќе стигне близу границата меѓу американските држави Луизијана и Мисисипи доцна вечерва.

Според најновите информации од Американскиот центар за урагани, „Гордон“ се наоѓа на околу 305 километри источно-југоисточно од реката Мисисипи и носи ветер кој се движи со брзина од 100 километри на час.

Дел од областа каде што ураганот се очекува да помине е се уште разрушена од ураганите кои ја погодија лани.

Тропската бура која се формира близу Флорида Кис брзо се движи кон северозапад и се очекува да биде „опасна по живот“ во некои делови од заливот. На жителите на брегот на Мисисипи им беше наредено да се подготват за евакуација, додека пак во Лузијана беше прогласена вонредна состојба, известува „Дојче Веле“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Трамп: Лажните вести се виновни за нападите во САД

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп ги смета лажните вести за одговорни за нападите што се случија овој викенд во Охајо и Тексас во кои беа убиени 47 луѓе.

„Медиумите имаат голема одговорност кон животот и безбедноста во нашата земја. Лажните вести придонесoа многу за гневот и бесот што се создаваат во текот на годините. Известувањето мора да почне да биде фер, избалансирано и непристрасно или овие ужасни проблеми само ќе се влошат“, напиша Трамп на „Твитер“.

Во нападот во државата Дејтон, во Охајо, напаѓачот, кој беше идентификуван како Конор Бетс (24), уби деветмина и рани 26 луѓе. Меѓу убиените е неговата сестра Меган Бетс.

Пукањето во Охајо се случи само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас, каде што беа убиени 20, а ранети 26 лица.

Прикажи повеќе...

Вести

ЕУ ја предложи Бугарката Кристалина Георгиева за шефица на ММФ

Објавено пред

Европските влади одлучија Бугарката Кристалина Георгиева, извршна директорка на Светската банка, да биде нивниот кандидат за нов директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со седиште во Вашингтон, на местото на Французинката Кристин Лагард.

Освен Георгиева, во игра бил и поранешниот холандски министер за финансии, Јерен Дијселблем.

По долгогодишниот неформален аранжман, Европа традиционално кандидира шеф на ММФ, додека американскиот кандидат станува претседател на Светската банка.

Извршниот одбор на ММФ мора да избере замена за Лагард, која е назначена за шефица на Европската централна банка, а нејзината оставка ќе стапи на сила на 12 септември.

ММФ е клучна меѓународна финансиска институција која обезбедува економски совети и финансиска помош за нејзините 189 земји-членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордни 50 Целзиусови степени измерени во Израел

Објавено пред

Топлотниот бран кој оваа недела го зафати Израел во средата го достигна врвот во Содом, кај Мртвото Море, кога биле измерени 49,9 Целзиусови степени.

„Тоа е највисока температура што некогаш е измерена од основањето на државата во 1948 година и втора највисока некогаш забележана во тоа подрачје откако е почнато бележење на временските услови во 20-тите години“, соопшти Израелската метеорлошка служба.

Највисоката температура била измерена во 1942 година – 54 степени во комуната Тирта Цви на северот на Долината Јордан.

„Иако екстремни температури биле измерени и во неодамнешното минато, новиот рекорд покажува дека глобалните климатски промени и затоплувањето влијаеле на просечните температури“, објави Метеролошката служба.

Од таму навеле дека се очекува затоплувањето да продолжи и дека ќе има екстремни топлотни бранови и нови рекордни високи температури.

Екстремно топло време по должината на брегот на Средоземното Море е ретко и се случува еднаш во пет до десет години, но во последната деценија станува сè почесто на секои две-три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет23 минути

ОН: Во светот во моментот има дури 70 милиони бегалци, што е рекорд по Втората светска војна

Бројот на бегалци во светот достигна рекорден број од 70 милиони, што е најмногу од Втората светска војна, соопштија ОН....

Македонија33 минути

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“, рече дека не сака да се меша во...

Европа59 минути

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет2 часа

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија13 часа

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Свет14 часа

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Околу 4.000 лица се евакуирани поради пожар што избувна по втор пат за една недела и уништи рурална област на...

Свет15 часа

Жителите на Нов Зеланд доброволно предале над 10 илјади парчиња оружје на полицијата

Повеќе од 10,000 парчиња огнено оружје се предадени доброволно на властите во Нов Зеланд, како дел од акцијата што беше...

Македонија15 часа

Димитров: ,,Рекет” е раскрсница – едниот пат води кон иднина, другиот кон бездна

Дискредитацијата на СЈО преку аферата ,,Рекет” е со цел да и се избега на правдата, смета министерот за надворешни работи...

Свет15 часа

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Најмалку 1,7 милиони граѓани излегоа на улиците во Хонгконг, на уште еден од низата масовни продемократски протести, соопштија организаторите на...

Спорт17 часа

Ландстрам со гол во сите четири англиски лиги – Шефилд јунајтед со победа (видео)

Шефилд јунајтед имаат одличен старт на својата прва премиерлигашка сезона по долга пауза, откако со 1:0 ги победија Кристал палас...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот над скопското село Буковиќ

Шумскиот пожар кој вчера наутро избувна на планината над скопското село Буковиќ е изгаснат и целосно ставен под контрола, информираат...

Регион21 час

(Видео) Пациент со држач за инфузија уби четири лица во психијатриска болница во Романија

Еден пациент во психијатриска болница во романската општина Сапока, со држач за инфузија убил четворица други пациенти. Тој ги нападнал...

Свет23 часа

Протести во САД: Ако не се смени законот за оружје, треба да се смени Конгресот

Низ САД се одржуваат протести на кои се бара од Конгресот да ги заостри законите за контрола на оружјето, по...

Свет1 ден

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет1 ден

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 ден

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет2 дена

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет2 дена

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион2 дена

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион2 дена

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Досие