Контакт

Европа

Меркел: Германија ќе го вакцинира целото население пред крајот на летото

Објавено пред

Германија ќе го вакцинира целото свое население против коронавирусот пред крајот на летото, истакна германската канцеларка, Ангела Меркел, по критиките дека вакцинацијата во земјата се одвива бавно.

Меркел вели дека веќе е јасно какво ќе биде снабдувањето со вакцини во наредните месеци и е категорична дека целта ќе биде остварена.

Според канцеларката, на Европската Унија не ѝ оди лошо со вакцинацијата иако заостанува зад земјите како што се Израел, Велика Британија и САД.

„Ќе можеме да ги вакцинираме сите граѓани до крајот на летото, што значи до 21 септември, крајот на третиот квартал. Дури и ако не бидат одобрени новите вакцини Johnson & Johnson и CureVac, сепак ќе направиме сѐ што можеме со цел германската влада да го искористи целото свое политичко влијание за да ја добие најдобрата можна прогноза за снабдувањето со вакцини“, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Европа

Отстранета последната статуа од фашистичкиот диктатор Франко во Шпанија

Објавено пред

Отстранета е последната статуа на генералот Франциско Франко на шпанска територија, откако шпанската енклава Мелила гласаше за отстранување на споменикот подигнат на тој фашистички диктатор.

Работниците го уништија постаментот и ја одзедоа статуата што стоеше на портите на градот на северозападниот брег на Африка, пренесе Би-би-си. Само крајно десничарската партија Вокс во Мелила гласаше против нејзино отстранување.

Елена Фернандес Тревино од Собранието го опиша отстранувањето на статуата на Франк од енклавата како историски ден. Таа рече дека тоа е единствената статуа посветена на шпанскиот диктатор што е во јавната сфера во Европа.

Генералот Франко управуваше со Шпанија од 1939 година до неговата смрт во 1975 година.

Повеќе од 30.000 луѓе загинаа во Шпанската граѓанска војна, која траеше од 1936 до 1939 година, во која националистичките сили на Франко ја поразија републиканската влада.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Нема посебен третман за вакцинираните лица

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека во моментов е против посебен третман за луѓето кои биле вакцинирани.

„Сè додека бројот на вакцинирани е многу помал од оние кои чекаат на вакцинација, државата не треба да се однесува поинаку кон двете групи“, изјави Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Таа истакна дека мора да биде јасно потенцирано дека вакцинираните лица не го пренесуваат вирусот и додаде дека компаниите можат да воведат посебни правила за вакцинираните лица.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Во Франција направена маска што убива вируси

Објавено пред

Францускиот стартап направи маска за лице која убива вируси, вклучувајќи го и новиот коронавирус, против кој целиот свет се бори повеќе од една година.

Маските имаат посебен вируциден слој и му овозможуваат на корисникот скоро стопроцентна заштита од зараза, пренесува ХРТ.

(Видео) Во Франција на

Направени се два модела на вируцидни маски – оној со сертификат ФФП2 ќе се продава по цена од 1,49 евра, а цената на обична, хируршка маска што убива вируси ќе биде 44 центи.

„Посебна карактеристика на оваа маска е тоа што има вируциден слој што ќе го деактивира вирусот веднаш штом го допре. Ова ќе донесе дополнителна заштита бидејќи вирусите не само што ќе бидат фатени како во традиционалните маски, туку ќе станат безопасни“, вели Никола Бланшиман, истражувач на биоматеријали на Универзитетот во Лил.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ5 часа

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет5 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија5 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија7 часа

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет7 часа

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија7 часа

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија8 часа

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет18 часа

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија20 часа

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија20 часа

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија21 час

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија21 час

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија23 часа

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија1 ден

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија1 ден

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија1 ден

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Регион1 ден

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза. Иако вакцинирањето започна...

Досие