Контакт

Европа

Меркел го прекрши протоколот и седна кога ја пречекуваше данската премиерка

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел седна на церемонијата за добредојде на премиерката на Данска во четвртокот, еден ден откако таа беше забележана како се тресе додека го пречекуваше премиерот на Финска.

Данската премиерка Мете Фредериксен седеше до Меркел на пречекот со воени почести во Берлин пред двете жени да замината во канцеларијата на канцеларката. Меркел, која не покажуваше знаци на тресење, имаше широка насмевка на лицето.

По состанокот со финскиот премиер Анти Рине во средата, Меркел рече дека тресењето, што првпат ѝ се случи на средината на јуни, ќе исчезне исто како што се појави.

Канцеларијата на канцеларката не даде објаснување за епизодите на тресење.

Медицинските експерти ги отфрлија шпекулациите околу тресењето, велејќи дека постојат повеќе потенцијални причини за тремор.

Европа

Хип-хоп фестивал во Хрватска прекинат поради пожар

Објавено пред

Хип-хоп фестивал во Хрватска мораше да биде евакуиран кога во близина избувна шумски пожар.

Полицијата ги советува организаторите да дејствуваат откако силните ветришта почнаа да претставуваат закана ширејќи го пожарот сè поблиску до местото на фестивалот на островот Паг.

Посетителите беа пренесени до еден паркинг, доволно далеку од пожарот.

Видео објавено на социјалните медиуми покажува како публиката го напушта фестивалот додека шумскиот пожар беснее во заднина, пренесува „Евроњуз“.

Организаторите велат дека не се пријавени жртви.

„Можеме да потврдиме дека имаше шумски пожар во близина на плажата ‘Зрце’ минатата ноќ“, изјави портпаролот на фестивалот.

„По советот од страна на полицијата и службите за итни случаи да го евакуираме фестивалот поради силни ветришта, ги насочивме посетителите кон паркингот во близина на клубот ‘Ноа’ кој беше на безбедно растојание од пожарот“.

Портпаролот додаде дека безбедноста на посетителите на фестивалот е најважна и дека тие работеле заедно со службите за итни случаи да го спречат пожарот и понатаму да се шири.

Службите за итни случаи сè уште работат на гасење на пожарот поради што останува нејасно дали тоа ќе влијае на денешните планирани изведби, изјави портпаролот на фестивалот.

Тој им се заблагодариме на сите вработени и на итните служби за справување со инцидентот на безбеден и професионален начин.

„Ние исто така би сакале да искажеме голема благодарност до сите посетители за нивната трпеливост и меѓусебна поддршка“.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен Колумбиец кој под периката криел половина килограм кокаин

Објавено пред

Maж од Колумбија беше уапсен на меѓународниот аеродром во Барселона кога во неговата голема перика што ја носел на главата бил пронајден половина килограм кокаин, соопшти денеска шпанската полиција.

По пристигнувањето од Богота, човекот го привлекол вниманието на полицијата бидејќи бил нервозен и имал голема перика под шапката, објави „Ројтерс“.

Полицијата на главата на човекот пронашла пакет со кокаин во вредност од 30.000 евра.

Кај шверцерите на дрога не постојат ограничувања во инвентивноста при обидот да се минат контролите, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Колумбиецот бил уапсен кон крајот на јуни.

Во 2018 година шпанската полиција запленила повеќе од 100 килограми кокаин на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Норвешка уапсен муслимански свештеник осомничен за тероризам

Објавено пред

Норвешката агенција за национална безбедност соопшти дека муслиманскиот свештеник Мула Крекар, кој беше прогласен за виновен во Италија поради планирање терористички акт, беше уапсен врз основа на италијанската потерница.

Агенцијата за безбедност на ПСТ вели дека Крекар, кој е роден во Ирак, беше уапсен во понеделникот. Не беше веднаш јасно дали ќе биде екстрадиран, објави АП.

Агенцијата објави твитови неколку часа откако италијанскиот суд го прогласи Крекар виновен за обид за соборување на курдската влада во северен Ирак и создавање исламски калифат и го осуди на 12 години затвор.

Италијанските обвинители изјавија дека Крекар, кој живее во Норвешка, стои зад Равти Шака, европска мрежа чија цел е насилно соборување на владата во Курдистан.

Крекар планира да поднесе жалба, објави агенцијата.

Крекар одби да отпатува за Италија стравувајќи дека по судењето, ќе биде екстрадиран во Ирак.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија3 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет4 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет4 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион4 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет5 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија6 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа6 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија14 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија15 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија16 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион19 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија21 час

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија21 час

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија1 ден

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија1 ден

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Досие