Европа
Меркел: Демократијата е на удар, мора да работиме на неа одново секој ден

Канцеларката Ангела Меркел повика на продолжување на посветеноста на демократијата 31 година по германското обединување.
„ Демократијата не е едноставно тука. Мораме да работиме на тоа, одново и одново, секој ден”, рече конзервативната политичарка на церемонијата по повод 31-на година од Денот на германското обединување во центарот на градот Хале.
Таа нагласи дека повремено демократските достигнувања се сфаќаат несериозно. Дека се повеќе гледаме напади врз такви благородни вредности како слободата на медиумите.
„ Сведоци сме на ширење огорченост и омраза во јавноста преку лаги и дезинформации. Демократијата е на удар“, рече Меркел, додавајќи дека самата социјална кохезија е на тест.
Канцеларката се осврна и на нападите врз луѓето кои работат за општо добро, како што се пожарникарите и локалните политичари.
„ На вербалната брутализација и радикализација што се случува таму не смеат да одговараат само оние што се жртви на тоа, туку секој мора да ја отфрли“, рече таа, додавајќи дека сите премногу брзи вербални напади водат до насилство.
Меркел потсети на храбрите напори на многу луѓе во поранешна Источна Германија за време на мирната револуција во 1989 година, велејќи дека никогаш не смее да се заборави дека работите можеле да излезат поинаку.
Претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и Меркел присуствуваа на миса во црквата Св. Павле во град што бил во Источна Германија кога државата била поделена. После тоа, се одржа церемонија во салата на Георг Фридрих Хандел, концертна сала посветена на композиторот роден во 1685 година.
Ова е едно од последните јавни настапи на Ангела Меркел како канцелар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Згради се уриваат, бранови ги потопуваат улиците, луѓето се избезумени по вториот земјотрес во Турција

Уште еден разорен земјотрес ја погоди јужна Турција, одземајќи илјадници животи, а дел од земјата го остави во урнатини.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13:30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Horrible scenes keep coming!!!#deprem #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #DEPREMOLDU #Adana #Kahramanmaras #sanliurfa #ACİL #Osmaniye #Hatay #BREAKING #SONDAKIKA #Tsunami #PrayForTurkey #Gaziantep#nurdagi #HAARP #Turkiye #Turquia #Turchia pic.twitter.com/XfO4hFwUew
— [email protected] (@gaganraj2010gm1) February 6, 2023
Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 1.380, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги погодил повеќето луѓе додека спиеле.
#SONDAKIKA
Kahramanmaraş Ekinözü 7.5 şiddetinde deprem oldu pic.twitter.com/ZHg1cTTSOF— BRC 🇹🇷 RTE🇹🇷 IŞĶ 🇹🇷 (@Bircanislek2023) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки направени за време и по земјотресот. На една од снимките се гледа како зградите се уриваат како да се направени од хартија, додека на онаа до плажата се гледаат огромни бранови кои ја потопуваат патеката.
Едно лице снимило од својот автомобил како се уриваат зградите околу него додека земјата ја погоди вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.
Европа
Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во таа земја загинале 912 лица, а сириските власти изјавиле дека во Сирија загинале најмалку 320 лица.
Ердоган рече дека досега се регистрирани над 5.380 повредени.
Медиумите потсетуваат дека земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4.17 часот на југот од земјата.
Европа
Ниските температури и снегот ја попречуваат потрагата по исчезнатите во земјотресот

Температурите под нулата и снегот ги попречуваат спасувачките напори и потрагата по исчезнатите во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција, пишува Си-ен-ен.
Според извештаите, ладното и влажно време во регионот и лошите услови веројатно ќе влијаат на спасувачките напори по земјотресот во јужна Турција и северна Сирија.
Иако почетокот на февруари спаѓа во најстудениот дел од годината, сегашните температури се дури и пониски од просечните и се околу пет Целзиусови степени под сезонските норми.
Се очекува во вторник температурите да паднат под нулата, а најниската температура во Газијантеп се очекува да биде минус шест степени.
И покрај лошите временски услови, властите побараа од жителите да ги напуштат зградите бидејќи се очекуваат нови потреси по земјотресот со јачина од 7,8 степени.