Европа
Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел.
Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Илјада и еден делегат на германските демохристијани денеска избираа нов претседател на партијата – на првиот виртуелен конгрес.
Како што пишува „Дојче Веле“, партискиот конгрес не е официјално за наследник на Меркел на местото германски канцелар, туку само за претседател на ЦДУ. Но, имајќи предвид дека демохристијаните се убедливо најсилната партија со месеци, како што покажуваат анкетите, автоматски се поставува прашањето за кандидатот на канцелар: кој и да е шеф на ЦДУ, треба да биде погоден и за канцелар.
Во трката за прв човек на партијата беа и поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарниот клуб на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.
Изборот на Лашет веројатно би значел продолжување на политиката на Ангела Меркел. Премиерот на Северна Рајна-Вестфалија подеднакво силно ја поддржа канцеларката во нејзината политика за миграцијата и во отворањето кон левиот политички спектар. Можеби тоа е причината што Меркел јасно стави до знаење дека го фаворизира Лашет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Периодот меѓу двете вакцини е посоебно опасен, предупредуваат виролозите

Главниот виролог на Универзитетската клиника во Хајделберг, Ханс-Георг Кројслих, предупредува на опасноста од нови мутации на коронавирусот, особено во периодот помеѓу приемот на двете дози на вакцината.
„Би било загрижувачки ако во следните недели, многу луѓе, по првата вакцина, имаат нецелосна заштита, а во исто време има бројни инфекции. Тоа би било идеален простор за нови видови кои би можеле да го заобиколат дејството на вакцината“, изјавил Кројслих за весникот „Рајн Некар Цајтунг“.
Тој истакнал дека, со делумен имунитет, може да се создадат отпорни варијанти на вирусот.
„Ако се заразат голем број луѓе, кои сè уште немаат целосен имунитет, тогаш се зголемува веројатноста за нови мутации“, смета вирологот.
Европа
По обвинувањата на Меган Маркл за расизам во кралското семејство, реакција од Лондон

Министерката за детски права во Велика Британија, Вики Форд, денеска изјави дека нема простор за расизам во општеството откако Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, обвини дека некој од британското кралско семејство бил загрижен за тоа колку ќе биде темна кожата на детето, пренесува „Ројтерс“.
Меган, чија мајка е Афроамериканка и чиј татко е белeц, рече дека додека била бремена и го чекала раѓањето на нејзиниот син Арчи (2), во палатата била изразена загриженост за тоа колку ќе му биде темна кожата кога ќе се роди.
„Расизмот апсолутно нема место во нашето општество“, изјави Вики Форд за „Скај њуз“.
Таа додаде дека не го гледала интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл во емисијата на Опра Винфри на американската TВ-станица Си-би-ес, што се емитуваше синоќа.
Европа
Австрискиот министер за здравство: Имаме пандемија во пандемија

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, по повод зголемениот број новозаразени и сè повеќе случаи на нови видови, предупреди на опасноста од пандемија во пандемија.
За само неколку недели британскиот вид стана доминантен во Австрија, бидејќи го потисна претходниот вид, кој во петтата недела од оваа година „држеше“ удел од 61,5 проценти, а во осмата недела „само“ 36,3 проценти.
Во меѓувреме, британскиот вид е причина за заболувања од коронавирус во 58,4 проценти од случаите во Австрија.
„За Австрија, доминантноста на британскиот вид не е добра вест. Тој е позаразен од основниот вирус, и тоа, во Австрија, за 23 проценти“, нагласи тој.
Аншобер истакна дека сега е важно да се почитуваат мерките за, и покрај доминацијата на британскиот вид, да се помине добро низ кризата до Велигден.
„По Велигден ќе биде полесно, бидејќи поради повисоките температури, граѓаните ќе поминуваат помалку време во затворени простории, а ќе се постигне и поголема стапка на вакцинација на населението“, објасни тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“