Контакт

Европа

Меркел до германската јавност: Дваесеттите години од 21 век може да бидат добри години

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во своето традиционално новогодишно обраќање ги повика граѓаните да придонесат за зачувување на ЕУ како проект на мир и просперитет.

На почетокот на новата деценија таа им порача на граѓаните да бидат смели, самоуверени и подготвени за нов начин на размислување.

„Дваесеттите години од 21 век може да бидат добри години. Човештвото може да се изненади од сè она што заеднички можеме да го постигнеме. Промените на подобро се можни ако отворено и одлучно тргнеме кон нови работи“, рече Меркел, а пренесе „Дојче веле“.

Таа зборуваше за три предизвици: дигитализација на работата, борба против причините за масовното бегство на луѓето од Африка и, пред сè, климатските промени.

„Со оглед на тоа што промените се предизвикани од луѓето, ние како човештво мора да сториме сè за да го надминеме овој предизвик“, рече германската канцеларка.

Во однос на преминот од користење фосилни горива кон обновливи извори на енергија во сите сфери од животот, Меркел истакна дека Германија може да се потпре на она што секогаш ја прави силна, а тоа се идеите, инвентивниот дух и упорноста.

„Како канцелар, ќе дадам сè од себе за да ѝ помогнам на Германија да придонесе во борбата против климатските промени“, рече таа.

Телевизиските обраќања до нацијата на германската канцеларка се ретки, а исклучок е новогодишниот говор, кој се емитува во најгледаното време и достигнува високи коефициенти на гледаност.

Ова е 15-ти новогодишен говор на Ангела Меркел.

 

Европа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Објавено пред

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да го смени даночниот систем.

„Поради демонстрации, затворена е изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на Леонардо да Винчи“, соопштија од „Лувр“.

Меѓу демонстрантите, кои одговорија на повикот од повеќе синдикати, имало и вработени во музејот.

Демонстрантите извикувале „Мона Лиза штрајкува“, „Леонардо штрајкува“.

„Лувр“ секојдневно го посетуваат речиси 30.000 луѓе, а ова е првпат од 5 декември, кога почнаа протестите, музејот да биде затворен.

Демонстрациите го нарушија работењето на јавниот превоз, училиштата, болниците, судовите, па дури и на Ајфеловата кула.

Прикажи повеќе...

Европа

Лондон одобри прoслава на денот на брегзит

Објавено пред

Прославата на „Денот на брегзит“ во центарот на Лондон, испланирана за 31 јануари од страна на водечкиот британски евроскептик Најџел Фараж, доби одобрение од градските власти.

„Организацијата Leave Means Leave доби зелено светло за да биде домаќин на настан на плоштадот пред Парламентот на 31 јануари. Одлична вест“, напиша Фараж на својот профил на „Твитер“.

„Leave Means Leave“ (Заминување значи заминување) еволуираше како кампања која се залагаше за излез на Велика Британија од Европската Унија, предводена од Фараж пред референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од Британците решија нивната земја да ја напушти Европската Унија.

„Ова е одличен момент во историјата на нацијата кој треба да се прослави“, напиша Фараж.

Ричард Тис, лидер на партијата Брегзит што ја основа Фараж по референдумот, откри дека организаторите и натаму работат на вклучување на Биг Бен и огномет во прославата за британскиот излез од Унијата.

Фараж претходно најави дека околу 10.000 луѓе ќе бидат поканети на настанот.

Конзервативниот премиер Борис Џонсон, кој во 2016 година исто така заговараше за брегзит, во вторникот на Би-би-си ги повика граѓаните да донираат за Биг Бен на 31 јануари во 23 часот по локално време да заѕвони во чест на британскиот излез.

Познатиот лондонски часовник се нема огласено од 2017 година и во моментов се реновира, а за работите да се стават во мирување и тој да се огласи потребно е да се соберат околу 500.000 фунти. Сепак, досега се собрани само 150.000 фунти, пренесоа британските медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

Објавено пред

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа ди Џовани на функцијата заменик-министер во Државниот секретаријат на Ватикан, што е еквивалентно на централната власт, објави Светиот Престол.

Папата ја именуваше Ди Џовани (66) како потсекретар во одделот надлежен за односи со други држави, што е споредливо со Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението.

Франческа ди Џовани е дипломиран правник и работи во Државниот секретаријат на Ватикан 27 години. Таа ќе се занимава со прашањата поврзани со мигрантите и бегалците, како и со меѓународното хуманитарно право.

Адвокатката по назначувањето рече дека папата донел „иновативна одлука“ што претставува знак на внимание кон жените.

Од почетокот на неговиот понтификат во 2013 година, папат Франциско (83) ја истакнува улогата на жените во црквата и општеството, редовно осудувајќи ги неправдите чии жртви се тие.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие побегнале со „опел вектра“ која...

Македонија43 минути

По 20 часа распит, Обвинителството бара притвор за Емил Јакимовски

По речиси 20 часовен распит во полициска станица, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен...

Економија2 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет2 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура3 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија4 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија5 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет5 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт6 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет6 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет19 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа21 час

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија22 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Македонија1 ден

Меркел: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ

„Северна Македонија и Албанија заслужуваат да ги почнат преговорите со ЕУ, но на тој пат двете земји можат да се...

Македонија1 ден

Усвоени измените во законот за извршување, социјално загрозените нема да плаќаат

Законодавниот дом ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда. Ова е...

Досие