Европа
Меркел: ЕУ треба да ги решава разликите со разговор

ЕУ треба да ги реши разликите преку меѓусебни разговори, рече германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на прашањето за спорот со Полска околу владеењето на правото.
„Сите ние сме земји -членки на Европската унија, што значи дека имаме должност секогаш да се обидуваме да најдеме компромис без да се откажеме од нашите принципи“, им рече Меркел на новинарите по средбата со белгискиот премиер Александар Де Крум во Брисел, пренесе „Ројтерс“.
„Мислам дека е време подетално да разговараме со полската влада за тоа како да се надминат проблемите“, додаде таа.
Меркел посочи дека Европскиот суд на правдата мора одвреме -навреме да одлучува за предметите, но исто така додаде дека е загрижена за бројот на предмети што завршуваат пред највисокиот суд на ЕУ во моментов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Песков: Порано или подоцна, Европа ќе мора да одговора

Порано или подоцна, Европа ќе мора повторно да размисли и да одговори на својот народ зошто пумпа оружје во Украина.
Ова го изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Порано или подоцна, европските држави и оние кои веќе целосно влегоа во овој конфликт ќе мора да размислат и да одговорат пред својот народ зошто го прават тоа, бидејќи нема да можат да ги избегнат негативните последици“, рече Песков во интервју за новинарот Павло Зарубин, кој видеото го објави на својот канал „Телеграм“.
Тој посочи дека веќе доживуваат негативни економски последици.
„Знаеме дека Германија официјално влезе во рецесија минатата недела и дека инфлацијата постојано надминува 7 проценти“, истакна портпаролот.
Нагласи дека Кремљ верува дека европските земји нема да можат долго да ги објаснуваат своите економски проблеми со постапките на Русија.
„Можно е да се хранат со русофобија, европските власти ги хранат своите граѓани со русофобија, но ќе можат да го сторат тоа до одредено ниво. Тогаш тоа ќе престане да функционира кога нема да останат многу пари во нивните џебови“, рече портпаролот.
Европа
Мајка си ги убила децата, па си пресудила: Соседите во Германија, претпоставуваат дека била очајна

Во неделата на соседите им ја вратила дувалката за лисја. Неколку часа подоцна Габи У.(56) си ги убила двете деца. Суровото злосторство се случило во мирниот град Швибердинген, во областа Лудвигсбург во Германија.
По хорор чинот, аптекарката се упатила кон соседниот град Корнтал-Минхинген и си го одзела животот, пишуваат медиумите во регионот.
Полицијата и јавниот обвинител изјавија: „Според моменталната состојба на истрагата, може да се претпостави дека двете деца биле убиени од нивната мајка во заедничкиот стан во периодот од неделата навечер до понеделникот наутро“.
Прашањето што го поставуваат нивните соседи и познаници е зошто 13-годишниот Полин и 17-годишниот Ролф морале да умрат во поранешната штала за коњи источно од Швибердинген.
Еден сосед за „Билд“, вели: „Сопругот на Габи почина од рак пред три години. Оттогаш таа мора сама да се грижи за децата и имотот од 15 хектари. Можеби тоа беше премногу за неа“.
“Сите сме во шок. Кутри деца! Полина сакаше да јава и беше бистра, како и нејзиниот брат Ролф. Не можеме да си објасниме”, рекол соседот.
Според полицијата, се уште е нејасна позадината на злосторството.
Европа
Фон дер Лајен: Ударните бранови од војната на Путин стигнаа и до Западен Балкан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на форумот „ГЛОБСЕК“ во Братислава, ја коментираше ситуацијата на Балканот.
Во својот говор посветен на Западен Балкан, таа изјави дека „неодамнешните тензии“ се загрижувачки.
„Неодамнешните тензии секако се загрижувачки. Ги повикувам сите страни да се оградат од конфронтацијата и да преземат мерки за враќање на смиреноста“, изјави Фон дер Лајен.
Претседателката на Европската комисија не прецизираше на кои тензии се однесуваат ваквите зборови.
Во нејзиниот говор, кој најмногу беше посветен на конфликтот во Украина, таа рече дека „шокантните бранови што ги испрати Путиновата војна допреа и до нашите шест партнери од Западен Балкан“.
„ Но, тоа само не зближи“, додаде таа и посочи дека ЕУ ги прошири и на Западен Балкан истите мерки за солидарност што ги презеде во рамките на Унијата.
„Ги поддржавме ранливите домаќинства со високи трошоци за енергија. Градиме нова инфраструктура за да ја намалиме зависноста на Западен Балкан од руските фосилни горива. И оваа практична соработка оди паралелно со напредокот на патот кон ЕУ“, истакна Фон дер Лајен.