Контакт

Свет

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови на континуирано глобално ширење на Ковид-19, изјави Штефен Зиберт, портпарол на германската влада, пренесува ТАСС.

„За Германија како земја во средна Европа е особено важно да има функционална економска циркулација“, рече Зиберт од ДПА по средбата на Самитот на лидерите и шефовите на влади на ЕУ.

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, особено рече: „Мислам дека сите ги научивме лекциите. Требаше многу малку време да се разбере дека ова го попречува единствениот пазар, протокот на стоки, но не го запре ширењето на вирусот“.

Кон крајот на декември 2019 година, кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за избувнувањето на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, во централна Кина. Оттогаш, случаите на Ковид-19 се пријавени на секој агол на земјината топка.

На 11 март 2020 година, СЗО прогласи пандемија на коронавирус. Според најновите статистички податоци, повеќе 45.312.680 лица во светот се заразени ширум и пријавени се повеќе од 1.185.730 смртни случаи. Покрај тоа, досега повеќе од 32.985.500 лица закрепнале од болеста низ цел свет.

 

Свет

Пријавени повеќе од 44.000 нови случаи на Ковид-19 во Индија

Објавено пред

Индија забележа 44.059 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што досега во земјата се заразени вкупно 9,14 милиони луѓе, според последните податоци на Министерството за здравство.

Индија е на второ место во светот по бројот на инфекции со Ковид-19, по САД, иако дневната стапка на раст на Индија опадна откако го достигна врвот во септември.

Според последните податоци на Ројтерс, дневниот број на нови случаи повеќе од две недели е скоро 50 илјади. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за 511, според Министерството за здравство, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирус во земјата е 133.738.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанија во јануари ќе почне со програма за вакцинација против коронавирусот

Објавено пред

Стратегијата на Шпанија за борба против пандемијата со Ковид-19 дава резултати, рече шпанскиот премиер, Педро Санчез, за време на презентацијата на планот за вакцинација во земјата во 2021 година.

Шпанија има 400 заразени на 100.000 жители во последните 14 дена, наспроти 530 на почетокот на овој месец, рече Санчез по дводневниот виртуелен самит Г20.

Ова е доказ дека резултатите се произлезени од вонредната состојба прогласена минатиот месец, што им дозволи на регионалните власти да преземат низа мерки.

Санчез вели дека Шпанија успеала да го намали бројот на пациенти без да наметне втор карантин, како што беше случај во другите европски земји.

Тој го претстави владиниот план за вакцинирање на голем дел од своите 47 милиони жители до средината на 2021 година.

Кампањата за вакцинација е предвидено да започне во јануари, на 13.000 места во земјата.

„Пред нас се уште тешки месеци, но знаеме во која насока се движиме“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Оксфордската вакцина против коронавирус е 70 проценти ефикасна

Објавено пред

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува Би-Би-Си.

Би-Би-Си пишува дека тоа е и победа и разочарување, имајќи предвид дека вакцините на компаниите Фајзер и Модерна се 95 проценти ефикасни.

Сепак, според Би-Би-Си, во споредба со двете погоре, вакцината од Оксфорд е многу поевтина и полесна за складирање и доставување до кој било дел од светот.

Истражувачите од Оксфорд ја развиваат вакцината околу 10 месеци, а британската влада порача 100 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Во тестирањето беа вклучени 20.000 волонтери, од Велика Британија и Бразил.

Вакцината мора да биде одобрена од регулаторните тела пред испораката, а се очекува тоа да се случи во наредните недели, пишува Би-Би-Си.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет32 минути

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе, кога непознат маж ги нападна...

Свет45 минути

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат скоро две милијарди дози вакцина за Ковид-19 следната година, објави Агенцијата за деца на ООН.УНИЦЕФ...

Свет12 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија12 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија12 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет13 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет14 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион16 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија17 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија19 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија19 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија20 часа

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија21 час

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Македонија21 час

Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474...

Македонија23 часа

Заев за Денот на албанската азбука: Градиме општество со почит кон етничките разлики

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност,...

Свет23 часа

Трамп загуби на суд во Пенсилванија, републиканците бараат да го признае поразот

По новиот пораз во судот во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок од републиканците да се...

Европа23 часа

СЗО: Европа ќе се соочи со трет бран на почетокот на годината, ако владите не спречат ширење

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година,...

Македонија2 дена

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.182 нови случаи на Ковид 19, починаа 25 лица

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31,...

Македонија2 дена

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на...

Досие