Контакт

Свет

Меркел изјави дека Германија останува посветена на нуклеарниот договор со Иран

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека би било погрешно да се откаже од нуклеарниот договор со Иран истакнувајќи го тоа како една од нејзините главни разлики помеѓу Берлин и Вашингтон.

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека САД ќе се повлечат од договорот од 2015 година, кој беше потпишан за да се врши контрола врз нуклеарните капацитети на Техеран.

Меркел во средата пред парламентот изјави дека одлуката на САД е една од неколкуте вознемирувачки вести што се објавија неодамна. Другите вести ги вклучуваат хемиските напади во Сирија, насилството во Газа и секојдневните прекршувања на договорот за прекин на огнот во Украина.

Иако договорот со Иран е далеку од идеален, Меркел изјави „не е исправно да се откажете од овој договор во ваква ситуација“.

Сепак, таа додаде дека и покрај сите проблеми со кои се соочуваат овие денови, трансатлантските односи се и остануваат да бидат од огромно значење.

Свет

(Видео) Руска подморница успешно тестираше интерконтинентални ракети

Објавено пред

Од

Руската стратешка нуклеарна подморница од класата бореј, успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети, објави агенцијата „Тас“.

„Стратешката нуклеарна подморница ‘Јури Долгоруки’ на 22 мај успешно тестираше четири интерконтинентални балистички ракети од област во Белото море до цели на полигонот Курам на полуостровот Камчатка“, објави прес-службата на руската флота.

Како што е соопштено, ракетите биле лансирани додека подморницата била под површината на водата. Ракетите од типот „булава“ имаат досег од 10.000 километри и може да носат 10 боеви глави со моќ од 150 килотони.

Прикажи повеќе...

Свет

Тинејџерот што предизвика голем пожар мора да плати глоба од 36 милиони долари

Објавено пред

Од

Тинејџерот што предизвика пожар во Орегон кој траеше со месеци мора да плати глоба во висина од 36 милиони долари.

Судијата од округот Худ Ривер, Џон Олсон, пресуди дека момчето мора да напише писма со извинување до сите луѓе што поради пожарот останале отсечени во планините на Орегон. Станува збор за 152 луѓе, според информациите на Би-би-си.

Пожарот во Игл Крик во Орегон траеше речиси три месеци и уништи неколку куќи. Беше предизвикан од страна на 15-годишник што го призна делото во февруари.

Во септември минатата година тој палел огномет во сувиот кањон Игл Крик. Огнометот предизвикал пожар, чие гансење ги чинело властите повеќе од 18 милиони долари. Момчето призна дека е виновно по осум точки од обвинението.

Во пресудата изречена вчера судот пресуди дека тинејџерот мора да плати глоба во висина од 36,6 милиони долари. Покрај тоа, тој е осуден на петгодишна условна казна и мора да одработи 1.920 часа во служба на заедницата.

Сепак, судот призна дека момчето нема финансиски средства за да ја плати оваа драконска казна. Но, според законот на Орегон, исплатата ќе може да ја запре по 10 години кога ќе заврши со општокорисната работа доколку дотогаш не направи друго кривично дело.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро го протера канцеларот на американската амбасада во Каракас

Објавено пред

Од

Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, го прогласи персона нон грата канцеларот на американската амбасада во Каракас, Тод Робинсон.

Мадуро наредил Робинсон и неговиот заменик, Брајан Наранхо, да бидат протерани во рок од 48 часа за наводен заговор против социјалистичката влада.

Тој додал и дека санкциите на САД се навреда за националното достоинство и предизвикуваат страдање кај луѓето, објави „Ројтерс“.

Венецуелското Министерство за надворешни работи минатата ноќ соопшти дека новите американски мерки со кои на владата на Венецуела ѝ се ограничува можноста за продажба на имот во САД се нелегални.

„Санкциите се лудило, варваризам и апсолутно контрадикторни со меѓународното право“, рече министерот за надворешни работи, Хорхе Ареаз.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во понеделникот потпиша нова мерка за ограничување на способноста на владата на Венецуела за продажба на имот по изборите во јужноамериканската земја, кои Белата куќа ги оцени како класична измама.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија9 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија12 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news12 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава13 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија2 дена

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие