Контакт

Свет

Меркел не се согласува со Макрон за состојбата на НАТО

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, го отфрли мислењето на францускиот претседател, Емануел Макрон, дека НАТО е во состојба на мозочна смрт и посочи дека такви коментари не се потребни.

На средбата со генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, Меркел истакна дека Макрон користи драстични зборови дополнувајќи дека тоа не е и нејзино мислење за соработката во НАТО.

„Не мислам дека вакви оценки се неопходни, па дури и ако имаме проблеми, треба да сме сплотени“, потенцира германската канцеларка.

Од своја страна, Столтенберг потенцира дека алијансата е силна укажувајќи дека САД и Европа соработуваат повеќе отколку во изминатите децении.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во интервју за списанието „Економист“ тврди дека НАТО се наоѓа во состојба на мозочна смрт, а Европа на работ на амбис.

Тој ги предупредува европските земји членки дека веќе не може да се потпираат на САД, односно дека од САД веќе не може да се очекува да застанат во одбрана на земјите членки на алијансата.

Свет

Крвави протести во Ирак, најмалку четворица мртви и над 60 повредени

Објавено пред

Најмалку четири лица се убиени, а 62 повредени во судирите меѓу демонстрантите и ирачките безбедносни сили во Багдад.

Неименувани официјални лица изјавија дека судирите избувнале во близина на Централниот плоштад Тахрир, каде протестите се одржуваат веќе неколку недели, пренесува агенцијата АП.

Протестите се одржуваат главно во Багдад и во претежно шиитските јужни провинции.

Најмалку 320 луѓе се убиени, а илјадници се повредени во немирите од 1 октомври, кога започнаа демонстрациите.

Демонстрантите протестираат против распространетата корупција, малите можности за вработување и лошите јавни услуги, вклучувајќи ги и прекините на електрична енергија.

Тие ги повикаа граѓаните да се вратат на улиците во голем број.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Во израелските напади на Газа загинале 34 Палестинци, над 100 се повредени

Објавено пред

Триесет и четири палестински жители загинале, а 111 се повредени во нападите на Израел врз појасот Газа, објави „Донија Ал-Ватан“, повикувајќи се на Министерството за здравство на енклавата.

Една куќа е уништена и осум Арапи, членови на едно семејство, загинаа во воздушен напад на градот Деир ал Балах. Според палестинската страна, меѓу загинатите има жени и деца.

Палестинските групи и израелската армија разменуваат напади во последните два дена откако беше убиен командантот на бригадите „Ал-Кудс“, Баха Абу ал-Ата, заедно со неговата сопруга, во напад на појасот Газа. Покрај тоа, повредени се пет лица, меѓу кои и четири деца.

Повеќе од 400 проектили и минофрлачки гранати се исфрлени на израелската територија од Газа за два дена. Израелските војници нападнаа десетици цели, пред се инсталации кои им припаѓаат на радикалите.

Договорот за прекин на огнот беше постигнат синоќа благодарение на напорите на египетските посредници. Примирјето во Газа стапи во сила во 05:30 часот по локално време, што го потврди портпаролот на палестинскиот Исламски џихад, Мусаб ал-Бураим, пренесува новинската агенција „Маан“.

Прикажи повеќе...

Регион

ЕУ повика на итно затворање на кампот за мигранти „Вучјак“ во БиХ

Објавено пред

Европската унија повика на итно затворање на кампот за мигранти „Вучјак“ во Босна и Херцеговина и релокација на мигрантите на локации со адекватно сместување.

Во Европскиот парламент беше одржана расправа за мигрантската ситуација во БиХ, на која финската министерка за надворешни работи, Тити Тупураинен, изрази загриженост од тоа што постоечките капацитети за прием во БиХ во голема мера се недоволни.

„За жал, и покрај спремноста на ЕУ да ја пружи потребната финансиска поддршка, владата не додели нови локации ниту, пак, предложи постоечки локации за дополнителни приемни центри“, рече таа.

Еврокомесарот за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, оцени дека условите во кампот „Вучјак“ се неподносливи.

„Не можеме да прифатиме непрекинат трансфер на мигрантите и бегалците на сосема непримерна локација односно во ‘Вучјак’, каде тие се изложени на сериозен ризик поради недостиг на вода, лоши санитарни услови и немање заштита“, рече тој и порача дека ЕУ нема да додели финансиска помош за оваа локација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија3 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија3 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија3 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет4 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа5 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија6 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион16 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет17 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион18 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија19 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија22 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија24 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа1 ден

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија1 ден

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Досие