Контакт

Свет

Меркел свика состанок, се воведуваат построги мерки за борба против коронавирусот

Објавено пред

Германија објави построги мерки за борба против коронавирусот среде континуираното зголемување на бројот на пациенти, најави германската канцеларка Ангела Меркел.

„Можевме да видиме дека бројот на новооткриени случаи се зголемува во последните неколку недели и ние сериозно го сфаќаме тоа“, рече Меркел по состанокот со лидерите на германските сојузни држави.

Новите построги мерки против ширењето на коронавирусот вклучуваат казна од 50 евра за неносење заштитни маски на јавни места, забраната за масовни јавни собири на концерти и спортски настани ќе биде продолжена до крајот на годината и за секој што ќе се врати во Германија од областите со висок ризик ќе се бара 5-дневен карантин пред да се добие дозвола за тестирање на Ковид-19.

Германската канцеларка исто така рече дека пандемијата на коронавирус најверојатно ќе се влоши во наредните месеци и дека во тие околности приоритет на нејзината влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.

„Владата ќе стори сé за да осигура дека нашите деца нема да бидат губитници во оваа пандемија. Училиштата и градинките треба да бидат најважниот проблем“, рече Меркел на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Владата, додаде таа, исто така ќе работи на одржување на економската активност или нејзино рестартирање таму каде што сè уште е во стагнација поради пандемијата, како и за зачувување на работните места.

Трет приоритет ќе биде да се поттикне дух на социјална солидарност, затоа што пандемијата повеќе влијае на некои луѓе, како што се постарите или семејствата со ниски приходи, построго од другите.

Во изминатиот период, Германија успеа да го задржи бројот на случаи на инфекција и смртност од Ковид-19 на релативно ниско ниво во однос на некои други големи европски земји. Сепак, бројот на заразени расте од почетокот на јули и се забрза во последните недели, забележува Ројтерс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Сиси: Надворешни сили се обидуваат да го дестабилизираат Египет

Објавено пред

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел-Сиси, предупреди во неделата на надворешните сили кои се обидуваат да предизвикаат немири во земјата по неодамнешната серија антивладини протести поттикнати од лидерот на опозицијата во егзил, пренесува „Нејшнел“.

„ Има луѓе кои ве исполнуваат со страв и со сомнеж. Луѓето не можат да бидат измамени со зборување дури и ако се соочуваат со тешкотии. Тие неидентификувани групи се обидуваа да поттикнат пожар во изминатите неколку недели, обидувајќи се да ги искористат тешките ситуации што ги создаваме со воведување на економски реформи. Државата и народот се обединети и никој не може да влезе меѓу нив “, рече Сиси во телевизискиот говор во неделата во Каиро.

Сиси се осврна на неодамнешните мали по обем антивладини протести во неколку села во Египет. Вестите и видеата од протестите беа масовно споделени низ социјалните мрежи, особено од симпатизерите на забранетото Муслиманско братство.

Сиси дојде на власт во Египет во јули 2013 година, откако тогашниот претседател и лидер на Муслиманското братство, Мохамед Морси, беше оборен со воен удар. Морси беше првиот демократски избран претседател во историјата на земјата.

Според „Араб њуз“, протестите почнале како одговор на тековните кампањи на египетската влада за запирање на нелегалното градење, со кои се бара луѓето да плаќаат казни за да ја легализираат сопственоста на домот. Иницијативата најсилно ги подоги руралните и областите со ниски приходи.

Немирите околу економските реформи дополнително ги поттикна бизнисменот во егзил, Мохамед Али, кој е противник на Сиси и повикува на масовни демонстрации уште од септември минатата година. Неговиот последен повик за антивладини протести изминатите неколку недели директно придонесе за протестите во селата.

Во говорот во неделата, Сиси им се заблагодари на мнозинството Египќани што не ги послушаа повиците за протест, велејќи дека владата ги спроведува новите мерки како дел од неопходните економски реформи за стабилизирање на Египет.

Египетското МВР викендов соопшти дека државните безбедносни сили уапсиле четири лица вклучени во антивладини протести во јужниот град Луксор. Наводно, кај групата биле пронајдени молотови коктели што тие имале намера да ги искористат за да поттикнат немири. Полицијата привела и група луѓе кои се обиделе да запалат полициски автомобил во градот Бадрашен, во провинцијата Гиза.

Прикажи повеќе...

Свет

Шарли ебдо: Полицијата го истражува „манифестот“ за исламистичкиот терористички напад

Објавено пред

Француските истражители во неделата проучуваа видео запис со кој, наводно, се презема одговорност за нападот со сатар во Париз, чија цел беше сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, а владата го осуди чинот како исламистички тероризам.

Шест лица сè уште се во притвор, вклучувајќи го и осомничениот сторител на нападот во петокот, кој тешко рани двајца пред поранешната редакција на „Шарли ебдо“ во Париз.

Сторителот е Хасан А.,  18-годишник роден во Пакистан, според извор близок на истрагата. Тој им рекол на истражителите дека го извршил нападот за да се одмазди за реобјавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед од страна на „Шарли ебдо“, кој беше цел на масакрот во јануари 2015 година од страна на исламистички вооружени лица.

Истражителите сега се обидуваат да го автентицираат видеото за кое веруваат дека го прикажува Хасан А. додека најавува дека ќе го изврши нападот.

„Го гледаме како плаче, како пее. Тој однапред презема одговорност за својот чин поспчивајќи го како причина преобјавувањето на карикатурите. Тоа е еден вид манифест, тој најавува дека ќе дејствува  Не станува збор за покажување лојалност кон некоја организација “, рече изворот, кој побарал да не биде именуван.

Осомничениот е роден во пакистанскиот град Манди Бахаудин и иако малку зборува француски, побарал преведувач за време на испрашувањето. Се верува дека тој влегол во Франција пред три години додека се уште бил малолетен и не покажал ризик од радикализација и покрај тоа што еднаш бил запрен за носење оружје.

Двете лица ранети во нападот се вработени во наградуваната агенција за ТВ-продукции „Премиер лиње“, чии канцеларии се наоѓаат во истиот блок во кој се наоѓаше „Шарли ебдо“ во центарот на Париз. Сепак, се верува дека двајцата, чии животи не се загрозени, биле не конкретна мета.

Напаѓачот погрешно верувал дека редакцијата на „Шарли ебдо“ е се уште во таа зграда и сакал да ги нападне новинарите од списанието.

Едно од уапсените лица беше ослободено ноќта. Но  главниот осомничен и осум други лица сè уште се во притвор. Меѓу нив е неговиот помлад брат на Хасан и луѓе кои живеле со него на неговото последна адреса во северен Париз. Полицијата во неделата приведе и жена која живеела во истата адреса, рече судски извор, без да наведе повеќе детали.

Еден Алжирец, приведен близу до местото на нападот, исто така беше ослободен. Неговата адвокатка рече дека нејзиниот клиент херојски го бркал напаѓачот.

Нападот се случи на три недели од судењето во Париз за осомничени соучесници во нападите на јануари 2015 година врз „Шарли ебдо“, една полицајка и еден еврејски супермаркет, во кои загинаа 17 лица. Крвопролевањето најавува бран исламистичко насилство во Франција, што досега одзеде 258 животи. Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, призна дека властите можеби станале поспокојни околу ризикот од терор по релативнотп затишје во последните години

„Се наоѓаме во крајно критична ситуација,во војна сме со исламистичкиот тероризам. Можеби, колективно, го оставивме ова зад нас “, рече тој.

Дарманин рече дека заканата е сè уште реална, истакнувајќи дека во последните три години биле спречени 32 напади.

„Има барем по еден месечно“, рече тој.

Центристичката влада на претседателот Емануел Макрон во последните неколку недели започна да користи сè поостра реторика за домашните безбедносни прашања во она што аналитичарите го сметаат за поместување кон десно. Антитерористичкиот советник на Макрон, Лоран Нуњез, изјави дека Франција се подобрила во откривањето на екстремистите, но  дека сепак мора повеќе да ја затегне мрежата.

Прикажи повеќе...

Свет

Ерменија планира воен и политички сојуз со Нагорно Карабах

Објавено пред

Среде моменталната состојба во Нагорно-Карабах, властите на Ерменија ги разгледуваат плановите за воспоставување на воен и политички сојуз со непризнатата република, напиша лидерката на владејачката парламентарна фракција „Мај степ алијанс“, Лилит Макунц на својата страница на Фејсбук, пренесува ТАСС.

„Во сегашната ситуација, активно се дискутира за нашите потенцијални активности, вклучително и склучување воен и политички сојуз со Артсак (непризната Република Нагорно-Карабах)“, напиша Макунц.

Претходно, ерменскиот премиер Никол Пашинјан објави дека Ереван исто така ги разгледува плановите за признавање на независноста на Нагорно Карабах.

На 27 септември, Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдепе дека вооружените сили на Азербејџан започнале офанзива во правец на Нагорно Карабах, гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.

Двете страни пријавија жртви, вклучително и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата нејзина територија.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу планинскиот регион Нагорно Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година откако автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година, тензиите зовреа и ескалираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно Карабах траат од 1992 година под закрила на групата Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Илјадници ученици и денес не можат да се приклучат за онлајн учење, Царовска повикува на трпение

Фијаско и на генералната проба, националната платформа за онлајн учење и денес паѓа Илјадници ученици, наставници и родители и утрово...

Свет39 минути

(Видео) Гори цивилен автобус погоден од азербејџански дрон

Ерменскиот министер за одбрана објави на Твитер дека гори цивилен автобус, погоден од азербејџански дрон. In #Vardenis which is located...

Македонија1 час

Средба Османи – Вархеји: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со еврокомесарот за соседство и...

Топ2 часа

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица – Штип кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници...

Македонија2 часа

МОН: За еден ден, на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога почнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет3 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет3 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија4 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12 часот во Свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет4 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа4 часа

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт13 часа

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион15 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет17 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет17 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија18 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија19 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија23 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион24 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет1 ден

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Досие