Контакт

Европа

Меркел: Трамп не е причина за заладувањето на односите меѓу ЕУ и САД

Објавено пред

Фокусот на САД кон Европа опаѓа, и тоа ќе биде случај со кој било претседател, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која истакна дека заладувањето на односите меѓу САД и Германија не е поради Доналд Трамп, туку има подлабоки корени.

Одговарајќи на прашање од „Фајненшал тајмс“ за тоа дали причината за заладувањето на односите е Трамп, таа рече дека според нејзиното гледиште, станува збор за структурални причини, објави бриселскиот портал „Политико“.

„Настана пресврт“, објасни Меркел, додавајќи дека и поранешниот американски претседател Барак Обама зборувал за азискиот век, гледано од американска перспектива.

„Тоа исто така значи дека Европа не е повеќе, така да кажам, во центарот на светските настани … Фокусот на САД кон Европа се намалува, што ќе биде случај со кој било претседател“, рече Меркел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Грција ѝ нуди помош на Турција по земјотресот

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека на пет лица повредени во земјотресот им била извршена операција, а осуммина се на интензивна нега. Ердоган додаде дека телефонски разговарал со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додавајќи дека грчката влада е подготвена да испрати помош за Турција.

Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди Егејското Море јужно од градот Измир на западниот брег на Турција.Земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. Досега е потврдено дека загинале 14 лица, а повеќе од 400 се повредени. Двајца тинејџери загинале во Грција, когаа врз нив се срушил ѕид кога се враќале од училиште.

Прикажи повеќе...

Европа

Уште еден земјотрес ја погоди Турција

Објавено пред

Уште еден земјотрес со јачина од 5,1 степен ја погоди Турција. Земјотресот е регистриран на 74 километри од Измир, пренесува ЕМСЦ.Нов земјотрес е регистриран на длабочина од пет километри, а бил почувствуван и на бреговите на Грција.

ЕМСЦ известува дека по ова било почувствувано и тресење на тлото со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала на 47 километри западно од Сока.

Во водите на Егејско Море попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала. Речиси 20 згради се урнаа во областите на западниот турски град Измир. Според досегашните податоци, шест лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Велика Британија секојдневно речиси 52.000 новозаболени од Ковид-19

Објавено пред

Во Велика Британија речиси 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.

Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).

Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.

Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добил Ковид-19, а минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден...

Свет5 часа

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека...

Македонија7 часа

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион7 часа

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион7 часа

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија8 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет9 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет9 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион11 час

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија13 часа

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија13 часа

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет14 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион14 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија15 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија15 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија15 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион15 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет17 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет1 ден

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Досие