Европа
Меркел ја презеде набавката на вакцини во свои раце

Откога владата се најде под жестоки критики поради недоволното снабдување со вакцини против коронавирусот, германската канцеларка Ангела Меркел ја презеде работата во свои раце и му одзеде дел од овластувањата на министерот за здравство, Јенс Шпан.
Германската влада на утрешниот состанок, според извештаите на медиумите, ќе разгледа начини за решавање на проблемот со недостиг на вакцини што произлегоа од процесот на набавка на ЕУ.
Формирана е работна група, составена од министерот Шпан, министерот за економија, Питер Алтмаер, министерот за финансии, Олаф Шолц, и шефот на нејзиниот кабинет, Хелге Браун.
Патем, Шпан ги отфрли критиките во врска со набавката на вакцината.
„Фактот дека сега на почетокот имаме малку вакцини и дека треба да поставиме приоритети при вакцинацијата, нема никаква врска со нарачаната количина, туку со фактот дека производствениот капацитет е ограничен на почетокот“, објасни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час. Сепак, причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.
Немирите почнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.
In the Netherlands 🇳🇱 the situation is out of control. Police and rioters clash for second night in a row. #Rotterdam #Netherlands pic.twitter.com/NJuvjce2Es
— Based Finland 🇫🇮 (@Based_Finland) January 25, 2021
Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.
Полицијата додаде дека напишале речиси 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21:00 до 4:30 часот.
Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.
Европа
Европската комисија воведува дополнителни правила за патниците од трети земји

Во ситуација на ширење на новите мутации на коронавирусот и голем број новозаразени, Европската комисија повика на избегнување на сите патувања што не се потребни.
Денес во Брисел беа побарани дополнителни мерки на границите, и внатре во ЕУ и на надворешните граници, со цел да се запре ширењето на вирусот.
„Тестирањето ќе биде задолжително за сите патници кои влегуваат во ЕУ, вклучително и за оние кои се на т.н. важно патување. Тестот за ПЦР за влез во ЕУ мора да биде стар најмногу 72 часа“, изјави комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон.
Таа наведува дека дополнителните правила, вклучувајќи и карантин и следење на контактите до 14 дена, мора да се применат на патниците кои доаѓаат од трети земји, каде што е забележана циркулацијата на новите видови на вирусот.
За граѓаните на ЕУ и оние со дозволи за престој, тестирањето ќе се обезбеди по пристигнувањето, а образецот за локацијата на патникот треба да стане универзален и задолжителен.
Комисијата наведува дека ќе има исклучоци што ќе важат за граѓаните кои ги преминуваат границите во рамките на земјите членки со цел да одат на работа, на училиште или да се грижат за членовите на семејството.
Европската комисија заклучува дека целта на овие мерки е да се заштитат граѓаните и единствениот пазар на ЕУ
Европа
Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската варијанта на коронавирусот, пренесува „Спутник“.
„Државниот истражувачки центар ‘Вектор’ стана првиот во светот што го фотографираше новиот британски вид на коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографија на вирусот под микроскоп е направена за време на истражувањата за нови видови коронавирус, вклучувајќи ги и нивните структурни карактеристики“, се вели во соопштението.
Руските научници исто така тврдат дека развиле и ПЦР-тестови кои можат да ја откријат новата варијанта.
„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината EpiVacCorona, кој содржи пептидни антигени кои не се засегнати од промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот