Контакт

Европа

Меркел: Ја разбирам загриженоста, но омразата не е одговор

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека сериозно ја разбира грижата на Германците во врска со злосторствата извршени од мигрантите, но рече дека нема оправдување оти одговор на сето тоа не може да биде омразата, не треба да се негува симпатија кон нацизмот или насилството, додаде таа.

Меркел во своето обраќање пред парламентот објасни дека сфаќа оти многумина се загрижени за насилните кривични дела на мигрантите по убиството на германецот во Хемниц за што беа и уапсени еден Иранец и еден Сириец.

Европа

Во моментот на падот на рускиот авион, француска фрегата испукала ракети во Сирија

Објавено пред

Од

Руските системи за контрола на воздушниот простор забележале француска фрегата како испукува ракети во Средоземното Море во понеделникот, извести руското Министерство за одбрана.

Според руската војска, францускиот воен брод „Оверњ“ ги испукал ракетите во понеделникот околу 20:00 часот. „Системот за контрола на воздушниот простор забележа лансирање  ракети од француската фрегата ‘Оверњ’“, се вели во изјавата на Министерството. „Оверњ“ бил на мисија во Средоземното Море, близу брегот на Сирија. Париз демантираше каква било вмешаност во нападот.

Се работи за европска повеќенаменска фрегата која е во служба на француската морнарица од февруари оваа година. Пред тоа, воениот брод бил испраќан на мисии низ целиот свет, вклучувајќи го и Средоземното Море, Индискиот Океан, Персискиот Залив, Јужнокинеското Море и Тихиот Океан.

Лансирањето било забележано во исто време кога контролорите на летање во воздухопловната база „Кмеимим“ изгубиле контакт со воениот авион Ил-20 за време на нападот врз Латакија од страна на израелските Ф-16 борбени авиони. Во авионот имало околу 14 лица кога тој исчезнал. Во тек е мисија за нивно пронаоѓање.

Израелските одбранбени сили одбија да коментираат. Иако Израел ретко признава дека напаѓа конкретни цели во Сирија, месецов одбранбените сили признаа дека погодиле барем 202 „ирански цели“ во земјата.

Турција и Русија се договорија во понеделникот да воспостават „демилитаризирана зона“ меѓу владините војници и милитантите во обид да се отстранат и последните џихадисти од Сирија.

Прикажи повеќе...

Европа

„Епл“ ѝ плати 14,3 милијарди евра данок на ирската Влада поради незаконски даночни олеснувања

Објавено пред

Од

Компанијата „Епл“ ѝ уплати на ирската Влада данок од 14,3 милијарди евра, колку што Европската комисија пресуди дека американскиот технолошки гигант должи во име на незаконски даночни олеснувања.

Ирското Министерство за финансии ја оцени оваа исплата како „значајна пресвртница”, иако Даблин тврди дека „Епл“ немал никаков специфичен даночен третман, објави Би-би-си.

Во 2016 година Европската комисија заклучи дека ефективна даночна стапка од помалку од 1,0 отсто која компанијата ја плаќала во Ирска претставува нелегална државна помош.

Епл се жалеше на таа одлука.

Даблин, исто така, ги оспорува заклучоците на ЕК, додава Би-би-си ѝ ја цитира изјавата на министерот за финансии, Паскал Донахју, дека владата „во суштина не се согласува со анализата на Комисијата”.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Еден работник загина, 11 се повредени на градилиште на хотелот „Риц“ во Мадрид

Објавено пред

Од

На градилиштето на луксузниот хотел „Риц“ во центарот на Мадрид вчера загина работник откако се урнало скелето на кое работел, а најмалку единаесет други се повредени.

Според Службата за итна помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот „Риц“ паднало околу 16 часот, притоа уривајќи ја конструкција и работниците кои биле на неа пет ката подолу, објави АП.

Повеќето работници се спасиле и добиле лекарска помош, а двајца хоспитализирани се во лоша состојба.

Пожарникарите извадиле три лица со мали повреди од урнатините, и се обиделе да го извадат телото на загинатиот работник.

Локалната полиција ги испитува причините за несреќата, која службите за итни случаи  ја опишаа на „Твитер“ како „несреќа на работа”.

Овој хотел беше затворен поради реновирање во март.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток1 час

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 часа

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија2 часа

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток3 часа

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија3 часа

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ3 часа

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток3 часа

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Вести5 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија6 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија6 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура1 ден

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Досие