Контакт

Вести

Меркли: Демократите нема да дадат пари за ѕидот – тоа не е мудро решение

Објавено пред

Демократите и денеска уште еднаш го повторија својот став дека јасно ставаат до знаење оти немаат намера да му дадат на претседателот Доналд Трамп милијарди долари за изградба на ѕид на американско-мексиканската граница, пренесуваат медиумите.

Спорот доведе до делумен прекин на работата на американската влада, кој би можел да потрае и по божикните празници.

Сенаторот од Орегон, Џеф Меркли, рече дека демократите се апсолутно подготвени да инвестираат пари од даночните обврзници во безбедноста на границите на САД. Меѓутоа, на прашање на новинар за време на неговото гостување на локална телевизија дали демократите нема да дозволат пари за изградба на ѕидот, Меркли одговори: „Да, тоа е точно. Нема да дадеме ништо“, пренесува АП.

Меркли изјави: „Бетонски ѕид од 30 метри и метални шилци во висина од 30 метри не се мудро решение“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт11 минути

Вардар е шампион на Македонија

Фудбалерите на Вардар на ја освоија шампионската титула, 12-та во клупската историја и прва по пауза од шест години. Во...

Македонија25 минути

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе...

Свет43 минути

(Видео) Британски воен аналитичар: Дури ни „Сатана“ нема да може да го спаси Путин

Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја демонстрира својата сила и да ја убеди руската јавност дека сè уште...

Свет1 час

Медиумите во ЕУ за средбата Трамп-Џјинпинг: Борбата за светска превласт продолжува

Медиумите во ЕУ денес оценуваат дека за светските односи и Европа на средбата меѓу претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и...

Македонија1 час

Савески- Палминтери: Италија подготвена да го зголеми нивото на поддршка за обвинителството

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на...

Македонија2 часа

„Вреди“: Граѓанскиот интерес над профитот на коцкарската индустрија

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори...

Свет2 часа

Путин: Економските мерки на владата почнаа да даваат резултати

Претседателот на Русија Владимир Путин денес изјави дека економските мерки што ги спроведе руската влада во претходниот период почнаа да...

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски во СОС Детско село: Ќе обезбедиме субвенции за секое згрижувачко семејство

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари...

Македонија3 часа

Концертот на Дејвид Гета распоредаден за помалку од 12 часа

Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години...